Регион

Црна Гора: Се потпишуваат договори за залихи со храна

10 авг 2022

Владата на Црна Гора потпишува договори со одредени трговски синџири за организирање залихи со храна, со цел да обезбеди непречено снабдување на граѓаните со основните прехранбени производи. 

Од тамошното Министерство за економија најавија дека понудата е отворена за сите заинтересирани трговци. 

Дефинирана е листа на производи кои се опфатени со договорот. На листата се брашно, масло за јадење, шеќер, тестенини, месо и конзервирани месни преработки. Договорот се потпишува на период од шест месеци, со можност за продолжување. Стопанствените - потписници се обврзани да ги преземат сите активности што им се на располагање, за доброволно, согласно нивните финансиски и складишни капацитети, да обезбедат континуирано одржување на залихите на овие производи, неопходни да се задоволат потребите на граѓаните на Црна Гора за период од 90 денови. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...