Регион

„Кока кола“ купува српски производител на вода

24 ное 2021

Компанијата „Алајд беверџис Адриатик“ (АБА) од Земун, сопственик на флашираната вода Rosa (фирма ќерка на компанијата „Барлан инч“, која пак е контролирана од страна на американскиот гигант „Кока кола“), искажа намера да ја преземе фирмата „Анѓелковиќ“ од Белград, јавуваат регионалните медиуми. 

„Алајд беверџис Адриатик“ веќе склопи договор за купување на уделот на „Анѓелковиќ“, па истата по завршувањето на трансакцијата ќе биде под неизвршна контрола на „Кока кола“, преку со неа поврзаните компании „Барлан инч“ и „Кока кола експорт корпорејшн“. 

АБА е сопственик на жигот Rosa и носител на работењето во Србија во рамки на кое се флашира негазирана природна изворска вода и се пласира на пазарите во Србија, БиХ и на други пазари, додека компанијата „Анѓелковиќ“ произведува плочки, профили, цевки и други производи од пластика, што се одвива во производствениот погон во Стара Пазова. Од 2017 година, кога ја купи фабриката за вода, произведува негазирана и газирана вода под брендовите Duboka и Deep.

Во почетокот на оваа година, со цел продажба на бизнисот со вода, „Анѓелковиќ“ ја подели компанијата на две независни фирми, со поврзан имот и вработени.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...