Регион

Отворен првиот маркет „Персу“ во Белград

07 мај 2021

Малопродажниот синџир „Персу“ го отвори првиот маркет во Белград. Лоциран во Ломина 4, маркетот се наоѓа во еден од најфреквентните делов од градот.

Белградскиот маркет зафаќа продажна површина од 193 квадратни метри и им нуди на своите потрошувачи над 3.500 артикли од различни брендови, како глобални, така и домашни - локални.

Се радуваме на отворањето на маркетот во Белград. Ова е голем чекор за „Персу“. Нашите белградски колеги, како и сите наши вработени, се прекрасни, насмеани, љубезни и од срце им посакуваат добредојде на сите наши нови потрошувачи, истакнуваат од „Персу“.

На денот на отворањето потрошувачите беа изненадени со многубројни изненадувања и подароци.

Со дури 100 подарок-пакети и 100 подарок-кеси, како и одлична акција за 18 врвни производи, првиот работен ден во маркетот Персу го одбележа радост и среќа, зближување и запознавање, додава трговецот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...