Регион

Српската храна на саем во Москва

12 апр 2021

Српската прехранбена индустрија и ова година ќе се претстави на саемот „Продекспо“ во Москва, каде од денес до 16 април, својата понуда на извозниот потенцијал ќе ја промовираат 11 компании од Србија. 

На „Продекспо“ ќе се претстават млекарниците „Шабац“, „Имлек“, потоа „Карнекс“, „Златиборац“, „Мастер фруитс“,  индустријата за месо Топола“ и други. Ќе учествуваат компании кои произведуваат млеко и млечни производи, смрзнато овошје и зеленчук, сувомесно-деликатесни производи, паштети, сушено овошје...

„Продекспо“ секоја година го посетуваат околу 7.000 посетители од повеќе од 110 земји. Годинава на саемот ќе има 2.660 излагачи од 73 земји во светот. Освен Србија, национални штандови имаат и Италија, Шпанија, Турција, Узбекистан, Бразил и Уругвај. Освен презентација на најсовремените технологии за производство на храна, ќе бидат организирани и состаноци меѓу производители, извозници и дистрибутери, како и со претставници на малопродажни трговски синџири. 

Саемот ќе биде организиран со посебни мерки на заштита поради пандемијата. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...