Регион

„Подравка“: Нето-добивката се зголеми за 8,1%

30 окт 2020

Во првите девет месеци од оваа година, групацијата „Подравка“, и покрај тешките услови за деловно работење, оствари пораст на нето-добивката од 8,1% и пораст на приходите од продажба од 2,8%.

Нето-добивката на групацијата за првите девет месеци од годинава изнесува 27,74 милиони евра, што претставува пораст од 8,1% во споредба со истиот период минатата година.

Порастот на продажбата на органскиот опсег со истовремена контрола на оперативните трошоци резултираше со зголемување на профитабилноста.

И покрај бројните негативни влијанија врз бизнисот, меѓу кои можеме да ги потенцираме негативните курсни разлики, зголемувањето на цените на суровините, послабата туристичка сезона и многу други, успеавме брзо да одговориме на различните предизвици и да постигнеме резултати на кои можеме и мораме да бидеме заедно горди, рече претседателот на Управниот одбор на „Подравка“ Марин Пуцар.

Приходите од продажба на групацијата во првите девет месеци во споредба со истиот период минатата година се зголемија за 2,8% и изнесува 435,87 милиони евра. На движењето на приходите од продажба, како што е наведено, влијаело порастот и на деловните сегменти: храна и фармацевтски производи.

Сегментот храна оствари 343,38 милиони евра заработка од продажба, што е пораст од 69,4 милиони куни за разлика од претходната година.

Фармацевтски производи остварија 708,9 милиони куни заработка од продажба, што претставува пораст од 9,17 милиони евра.

И покрај бројните негативни влијанија од Ковид-19 врз работењето (пораст на цените на суровините и пакувањето, влијанието на разликите во девизниот курс, порастот на цените на транспортните услуги и тешките услови за испорака на производите, послабата туристичка сезона и поизразената сложеност на деловната активност во гастро сегментот, итн.) компанијата продолжи со позитивните деловни трендови во однос на претходниот компаративен период. Со тоа уште еднаш се потврдува фактот дека компанијата е во можност да го приспособи своето работење во вакви непредвидени, вонредни ситуации, истакна Подравка.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...