Регион

Хрватска: „Орбико Адриа“ отвори нова веб-страница

16 окт 2020

Следејќи ја долгорочната визија на Бранко Роглиќ, сопственикот на групацијата „Орбико“, во рамките на проектот Orbico Adriatic Wines ​почна извозот на вино од Јадранскиот Регион, а на новата веб-страница компанијата претстави низа вина од овој регион.

Квалитетните вина од Јадранскиот Регион, сместени во умерената климатска зона, се карактеризираат со свежи и модерни вина од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина. Од компанијата велат дека тие сакаат да ги доближат вината од регионот љубителите на вино од другите земји каде што работи „Орбико“.

На меѓународната листа на вина, сакаме да ги претставиме современите достигнувања на виното и специјалитетите на Јадранскиот Регион како фантастични дестинации за врвни гастрономски задоволства. Новата веб-страница претставува избор од 31 винарија и во понуда се повеќе од 350 различни вина. Новата страница ги нуди сите региони на вино, производителите на вина и нивните вина, новости за виното и туристичките дестинации што мора да ги посетите барем еднаш во животот, рече Томаж Бакчиќ, раководителот на тимот на Orbico Adriatic Wines, за InStore.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Еуромит“ инвестира во фабрика во Маглај

20 окт 2020

„Виолета“ со проект: Лабораторија за девојчиња

20 окт 2020

Тедески: „Атлантик група“ се покажа отпорна на кризи

20 окт 2020

„Лидл“ е заинтересиран за влез во БиХ

20 окт 2020

Трговците во Словенија ќе ја „рушат“ забраната за работа во недела

20 окт 2020

Христо Стоичков е заштитно лице на „Т маркет“

20 окт 2020
Вчитува уште новости...