Македонија

Промет од 500 милиони денари е остварен во Викендот без ДДВ

13 окт 2020

Согласно податоците од Управата за јавни приходи(УЈП) во деновите 10, 11 и 12 октомври кога се спроведуваше мерката од четвриот пакет Викенд без ДДВ, прометот изнесува 526 милиони денари, а враќањето на ДДВ кон граѓаните за купени македонски производи, услуги и компјутерска опрема досега е 63,4 милиони денари, соопштија од УЈП.

Ова е според скенираните сметки преку апликцијата Мој ДДВ, која беше приспособена за реализација на оваа мерка.

Согласно овие податоци  вкупниот промет од македонски производи во деновите без ДДВ на 10,11 и 12 октомври , споредено со претходните три дена на 7,8 и 9 октомври  е зголемен двапати, оценуваат од УЈП. 

Оттаму очекуваат измени до завршување на рокот за скенирање на фискалните сметки, бидејќи фискалните сметки од Викендот без ДДВ се скенираат во рок од три дена по издавањето на сметката, што значи дека сметките издадени на 10 октомври може да ги скенираат заклучно со денеска, сметките од 11 октомври се скенираат заклучно со утре, односно 14 октомври 2020 година и сметките издадени на 12 октомври се скенираат заклучно со 15 октомври.

Викендот без ДДВ, е мерка од четвртиот пакет антикризни мерки во која граѓаните имаа можност да купат македонски производи и услуги и компјутерска опрема при што ќе им биде вратен целосно пресметаниот ДДВ. Секој граѓанин можеше во овие три дена да добие поврат на целиот ДДВ за направен вкупен промет до 30.000 денари.

Проценките на Владата беа дека со оваа мерка кај граѓаните ќе се слеат 17 милиони евра.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Сакате повторно да го проследите 6 FMCG SUMMIT 2020? Реприза само денес

27 ное 2020

Самит Македонија2025: Дискусии за претприемништво, лидерство и иновации

27 ное 2020

Нов „Зур“ во Аеродром, наскоро и нов „Дим“ во Долно Лисиче

27 ное 2020

Сакате повторно да го проследите 6 FMCG Summit 2020? Реприза само во недела

27 ное 2020

КСС: Недела да биде ден за одмор, а оние кои ќе работат да земаат за 50% поголема дневница

27 ное 2020

Попладнево ќе почне Самитот „Македонија 2025“

27 ное 2020
Вчитува уште новости...