Македонија

„Органска трпеза“ по третпат во Куманово

15 сеп 2020

Третиот меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ се одржа во саботата пред градскиот базен во Куманово.

Настанот е во организација на Здружението за развој на земјоделството и заштита на животна средина преку истражување, едукација и одржување на биодиверзитетот „Живот“ – Куманово, а е пооддржан од Општината и од Швајцарската агенција за развој и соработка преку програмата „Зголемување на можностите за вработување“ (ИМЕ).

Градоначалникот Максим Димитриевски во обраќањето на настанот се заблагодари на здружението „Живот“, кое, како што посочи, ја почитува и негува традицијата, но и корените на органското производство.

На сите што доаѓате од другите градови и држави од регионот, ви посакувам топол и убав престој во Куманово. И во овие тешки услови, сепак се организравме и успеавме да ја продолжиме традицијата, рече Димитриевски.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...