Македонија

Објавена листата со фирми кои добија државна помош, а не исплатија плати

31 јул 2020

Владата за својата веб страна го објави списокот на фирми кои примиле финансиска поддршка од државата, а не ја исполниле обврската за исплата на плати. Истите можете да ги погледнете тука. 

Ги има од различни дејности: нискоградба, производство на облека, мали трговски фирми.....

Од Управата за јавни приходи појаснуваат дека за месеците април и мај злоупотребени се 23 милиони денари од помошта што за минимални лични доходи државата ги префрли на компаниите.

Вкупно 281 работодавачи кои примиле финансиска поддршка за месец април во износ од 9.995.565 денари, не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработени. За месец мај вкупно 427 компании воопшто не исплатиле плата за 984 вработени, а добиле финансиска поддршка во износ од 13.698.998 денари, соопштија од Управата за јавни приходи.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...