Македонија

Kазни за компаниите кои ја злоупотребија државната помош

31 јул 2020

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска денеска потврди дека ќе има санкции за компаниите кои добија државна помош, а не им ја дадоа на работниците.

Според Царовска, во моментов се испитуваат правните можности за постапката.

Платите итно треба итно да се исплатат на работниците, треба да се покаже одговорност од страна на компаниите. Направен е голем пропуст и секако санкционирање на компаниите ќе се случи. Во моментов, Генералниот секретаријат ги испитува сите правни можности, се покренуваат сите елементи кои се можни, рече  Царовска по посетата на компанијата „Витек“ во ТИРЗ Скопје 1.

Генералниот секретаријат на владата писменио излезе со официјален став околу направениот пропуст на компаниите. На веб страницата на владата беше објавен и списокот со компаниите на кои им е исплатена државна помош за минимална плата поради пандемијата со ковид-19, а тие не ги уплатиле средствата на своите вработени.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...