Македонија

Уште четири дена компаниите можат да аплицираат за субвенции за инвестиции

28 јул 2020

Компаниите што инвестирале за време на пандемијата со коронавирусот имаат уште четири дена да аплицираат на јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост-ковид периодот. Со повикот државата предвидува финансиска поддршка од вкупно 20 милиони евра за сите компании кои годинава и покрај пандемијата и економската криза продолжија да работат и да инвестираат во раст и развој на својот бизнис.

Министерството за економија ги повикува сите вакви компании да го искористат последниот рок и да аплицираат на јавниот повик, кој е дел од третиот сет економски мерки за поддршка на економијата од последиците предизвикани од пандемијата, што беше објавен на веб-страницта на Министерството на 12 јуни 2020 година и трае до крајот на месецов.

Досега во архивата на Мiнистерството за економија се пристигнати над 300 барања од компании.Главната цел на оваа мерка, потенцираат, е да се помогнат компаниите кои ќе ги изгубат пазарите за повторно освојување – зголемување на нивната конкурентност, модернизација на процесите, зголемување на продуктивноста со што ќе се одржат деловните потфати кои ќе придонесат за опоравување на економијата на земјата, преку реализација на инвестициски проект во пост-ковид периодот од јули до декември 2020 година.

Висината на финансиската поддршка ќе изнесува 25 отсто од реализираната инвестиција според инвестицискиот план што ќе го достави апликантот, но не повеќе од 40.000 евра за компании кои во 2019 година оствариле вкупен приход не повисок од еден милион евра, до 100.000 евра за компании кои имале вкупен приход од еден до 10 милиони евра, до 140.000 евра за компании кои оствариле вкупен приход од 10 до 50 милиони евра и 200.000 евра за сите компании кои оствариле вкупен приход повеќе од 50 милиони евра во 2019 година.

Компанијата која ќе добие финансиска поддршка има обврска до 31 јануари 2021 година да достави извештај за текот на реализација на инвестицискиот план со докази дека се реализира во рамките на инвестицискиот план за кој е исплатена инвестициската поддршка. Финансиските средства ќе се добијат во моментот кога ќе се аплицира со финансискиот план, а ќе се чека на реализација до крајот на наредната година.

Доколку деловниот субјект не успее да ја заврши инвестицијата или не успее да ја докаже минимум 80 отсто од вредноста на инвестицијата треба да ги врати средствата не подоцна од 1 март 2022 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Четвртиот пакет антикризни мерки ќе биде објавен во недела

21 сеп 2020

Македонија во следната година очекува раст на БДП од 4,8 отсто

21 сеп 2020

Секој може да биде газда за 1 евро

21 сеп 2020

Уште пет години продолжена дозволата на „Пакомак“ за колективно постапување со отпад

21 сеп 2020

Министерот за земјоделство: Ќе се откупи целото грозје до последно зрно

21 сеп 2020

Грантови за уште 31 фирма преку Фондот за иновации

21 сеп 2020
Вчитува уште новости...