Македонија

Од идната година пластичните шишиња и лименките ќе се претвораат во „зелени поени“

29 јун 2020

Во откомври годинава треба да биде готов прототипот, а во јули 2021-ва и финалната верзија на вендинг машината за конвертирање пластична амбалажа и лименки што ја изработува „Пакомак“ во соработка со Електротехничкиот факултет-Скопје и со финансиска поддршка од Фондот за иновации(ФИТР).

Машината ќе има повеќекратен бенефит, но клучна придобивка ќе биде заштитата на животната средина. За секое собрано шише или лименка, доколку ги стават во машината, граѓаните ќе добијат „зелени поени“ кои потоа може да ги користат за плаќање услуги (купување билети за јавен превоз, театар, Филхармонија) или во маркети.

До половина сме со развојот на машината која ќе придонесе многу за собирање чиста пластична амбалажа и лименки. Всушност, секој граѓанин ќе може да пушти шишиња и лименки во машината, а потоа, преку апликација на мобилен телефон да наполни поени кои ќе може да ги користи за плаќање услуги, јавен превоз, театар, Филхармонија, маркет или ќе му се намали сметката за комунален отпад, соопштија на „Пакомак“, компанијата што денеска ја посетија вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски.

Според менаџментот на „Пакомак“, ќе постојат многу начини за искористување на поените од собраната амбалажа, но за почеток ќе се оди со две опции, а потоа на грашаните ќе им бидат понудени околу 20.

Оваа машина ќе биде модерно, современо решение, конкурентно на пазарот, кое ќе го понудиме во соседните земји со што ќе придонесеме во извозот на домашна технологија, истакнаа од „Пакомак“.

Деспотовски кажа дека „Пакомак“ е една од 430 домашни компании кои искористија средства од ФИТР во изминативе три години. Обемот на финансирање за сите овие 430 компании е над 72 милиони евра во кои државата учествува со 55 отсто. Останатите 30 милиони евра се обезбедени од компаниите. Согласно анализите, заклучно со 2019 година  скоро 80 отсто од овие компании веќе работат со добивка, бројот на работни места се зголемува за 10 отсто, а просечната плата расте за 11 отсто и изнесува 40.000 денари во просек. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Отворен нов „Супер Тинекс“ маркет во Тафталиџе

09 јул 2020

„Свисслион“ го презема „Агроплод“ од Ресен

09 јул 2020

Прифатени се 5.000 приговори од средношколци и студенти за платежната картичка

09 јул 2020

Над 130 компании донираа во Солидарниот фонд за борба против Ковид-19

09 јул 2020

ССМ: Сабота и недела да се неработни денови

09 јул 2020

Околу 55.000 работодавачи ја искористија поддршката за исплата на плати

09 јул 2020
Вчитува уште новости...