Македонија

In-house обуки можност за унапредување на деловното работење

09 мар 2020

Кон средината на февруари, Дарко Лукиќ, во организација на InStore, одржа in-house обука „Бренд менаџмент“ за вработените во компанијата „Орбико“, Македонија. На обуката присуствуваа 20 бренд-менаџери од компанијата.

Ми беше привилегија да одражам семинар „Бренд менаџмент“ во македонската филијала на една од најголемите регионални компании „Орбико“, како и големо задоволство да дискутираме за различни теми од областа на менаџмент и маркетинг со искусниот тим бренд-менаџери, истакна Дарко Лукиќ, консултант со 20 годишно искуство во FMCG-секторот.

Развивајќи ја свеста за корпоративното работење компаниите можат да искористат уште една можност за надградба на знаењата за своите вработени преку in-house обуки организирани од InStore. Вработените, преку конкретни примери низ сесија на прашања и дискусии за нивното тековно работење, доаѓаат до начините за надминување на тековните предизвици, а знаењето подоцна ќе го искористат за унапредување на деловното работење на компанијата.

Што кажаа присутните на in-house обуката во „Орбико“, Македонија:

Неодамна, бренд-менаџерите на „Орбико“, Македонија имаа можност да присуствуват на специјално дизајнирана интерна обука на тема „Бренд-менаџмент“. Преку интерактивен пристап и презентација, и методолошка работа во групи, Дарко Лукиќ, го задржа нашето внимание во текот на дводневната обука. Сметам дека ваков тип на споделување на стручно образование, има големо влијание врз професионалниот развој на бренд-менаџерите и придонесува за подигнување на нивото во односот и третманот на светски познатите брендови, истовремено развивајќи ја свеста за корпоративното работење, како што е и случајот во нашата компанија, „Орбико“, Македонија.

Клучниот бенефит на реализираната обука беше моделот за реализација „tailor made“, односно, концепт и програма создадени врз основа на секојдневното работење на бренд-менаџерите во „Орбико“, Македонија. Програмата беше насочена кон основната комуникација со принципали, начинот на кој треба да се воспостави тесна соработка помеѓу бренд-менаџерите и тимот за продажба, менаџирање на процеси од увоз, преку одржување на залихи, дистрибуција,  продажба до потрошувачите, како и комуникација со клучните купувачи, следење на нивните потреби, па сè до анализа на резултатите, трендовите, следење на конкуренцијата, итн. Во таа смисла, практично со Дарко Лукиќ поминавме низ сесија на прашања и дискусии за нашето тековно работење, како и изнаоѓање начини за надминување на проблеми и различни ситуации-примери, за кои верувам дека ќе бидат искористени во насока на унапредување на деловното работење во „Орбико“, Македонија. 

Мими Шејкероска, сениор бренд-менаџер, „Орбико“

Обуката за Бренд-менаџери беше освежување и проширување на нашите знаења за целокупното водење на еден бренд, опфатено од различни аспекти. Она што за мене беше најинтересно се трендовите на движење и развој во малопродажбата, како во регионот, така и пошироко.

Голем дел од тоа тоа што се дискутираше на обуката може да се примени во нашето секојдневно работење, да ни помогне да ги разбереме однесувањата на нашите купувачи и крајни потрошувачи, како и да ни помогне да донесеме информирани одлуки.

Лидија Мандичевска, тим-лидер, „Орбико“

Позитивно искуство, на кое беа споделени соодветни примери преку одличен интерективен и практичен дел. Примерите се применливи во секојдневното работење и секако се проследени со комплетно изработени презенатации кои би биле одличен „потсетник“ за присутните на обуката.

Моника Миленкоска, бренд-менаџер, „Орбико“

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Четвртиот пакет антикризни мерки ќе биде објавен во недела

21 сеп 2020

Македонија во следната година очекува раст на БДП од 4,8 отсто

21 сеп 2020

Секој може да биде газда за 1 евро

21 сеп 2020

Уште пет години продолжена дозволата на „Пакомак“ за колективно постапување со отпад

21 сеп 2020

Министерот за земјоделство: Ќе се откупи целото грозје до последно зрно

21 сеп 2020

Грантови за уште 31 фирма преку Фондот за иновации

21 сеп 2020
Вчитува уште новости...