Македонија

dm донира апарат на Ендокринологија од прометот остварен на Giving Friday

02 дек 2022

Овој т.н „црн петок“ (Black Friday), односно како што го нарекуваат од компанијата години наназад, Giving Friday, а под мотото Giving is the new black, dm дрогерие маркт го одбележа со донација на 5% од вкупниот дневен промет од сите дрогерии остварен на 25 ноември.

Преку оваа кампања ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија доби нов транспортен ехо апарат, со кој ќе се подобрат условите за работа на клиниката.

Износ на донацијата говори за големиот одѕив на купувачите и нивната несебична желба да се вклучат во филантропската иницијатива, за што од компанијата велат дека се неизмерно благодарни.

Зад dm стојат 10 години работа на нашиот пазар, кои беа проткаени со низа успеси и голем број проекти насочени кон обезбедување поддршка на општествената заедница. И оваа година ја завршуваме во знак на хуманоста, која претставува идеален начин да се потсетиме на нашиот приоритет, постојано да инвестираме во заедницата во која работиме. Овој гест е најубава најава за празниците кои се ближат, затоа што додека даваме подароци на најблиските, не забораваме и на оние на кои хуманоста ќе им го разубави крајот на годината – токму по ова е dm познат, изјавија од компанијата.

Последниот петок во ноември, кој ширум светот е познат како Black Friday – ден на големи попусти и гужви низ продавниците, во dm традиционално веќе четврта година по ред е ден за дарување! На овој ден, компанијата редовно донира по 5% од дневниот промет за поддршка онаму каде што е најпотребно.

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...