Македонија

Уставен суд: Недела останува неработен ден

02 дек 2022

Недела останува неработен ден. Уставниот суд на вчерашната седница одлучи да не поведе постапка по иницијативата на Стопанската комора која го оспори Законот кој во својата содржина опфаќа работа во недела и која бараше ден за одмор може да биде кој било друг ден во неделата.

Дополнително, подносителите на иницијативата беа на ставот дека дека е утврден и додаток на плата за работа во недела во износ од најмалку 50 отсто за секој час поминат на работа и „од тие причини е дозволена нееднаквост на граѓаните пред законите“.

 Портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска, кажа дека во правниот поредок останува Законот кој го уредува правото на работниците да не работат во недела, освен во дејностите кои се исклучоци, а секако се предвидени со сегашното законско решение.

За Уставниот суд неосновани се наводите на Стопанската комора на Северна Македонија која е подносител на оваа иницијатива и која бараше да се запре извршувањето на овој Закон. Оваа одлука е конечна и секој мора да ја почитува, нагласи Беловска.

Уставниот суд расправаше за овој случај на седница што се одржа на 14 септември годинава, но одлука не беше донесена поради недоволно мнозинство гласови.

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...