Македонија

„Слога пром“ го отвори тенискиот клуб „Слога“ во Кавадарци

03 окт 2022

„Слога пром“ свечено, во присуство на своите вработени,  го отвори тенискиот клуб „Слога“. Воедно, како дел од клубот беше промовирано и тениското игралиште лоцирано во кругот на самата компанија.

Тениското игралиште е придонес од компанијата „Слога пром“ и е наменето за вработените, за децата на вработените, а ќе биде достапно и отворено и за младите од Кавадарци и околината кои сакаат да тренираат тенис. Според компанијата, целта на создавањето на овој клуб и игралиштето е да се поттикнат и мотивираат вработените  и нивните семејства на физичка активност,тимска работа и тимски дух.

Создавањето на овој тениски клуб и игралиштето започна како идеја да им овозможиме на вработените место за рекреација и релаксирање. Во текот на реализацијата, гледајќи колку недостигаат вакви центри и колку е неопходно да се промовираат спортските и физичките активности меѓу сите генерации, ги проширивме намената и целта, така што денеска сме горди што го направивме ова игралиште и создадовме место, каде освен вработените и сите граѓани на Кавадарци, а посебно децата, ќе може да се рекреираат, натпреваруваат и спортуваат и со тоа да се развијат во среќни и здрави возрасни луѓе. Веруваме дека на ваков начин, со создавање на спортско рекреативни капацитети, можеме многу да придонесеме за здравиот начин на живот кај сите нас. Ова е исполнување на една општо корисна иницијатива и е дел од нашата, компаниска општествено одговорна цел и мисија, да создадеме здрава и пријатна работна атмосфера за нашите вработени и да придонесуваме за заедницата, за подобрување на состојбите и поголема грижа за граѓаните,  изјави Ласко Јованов, генерален менаџер и косопственик на „Слога прoм“ на свеченото во отворање на тенискиот клуб.

Игралиштето е со димензии 37х18m и е целосно направено според стандардите на АТП. Единствено е во Македонија со подлога вештачка трева super soft. Како дел од активностите на тенискиот клуб „Слога“ и за исполнување на целта во популаризација на спортската култура и тенисот како сеопфатна спортска активност, ќе воспостави соработка со локални тениски тренери а во догледно време ќе се организираат и турнири и натпреварувања.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...