Македонија

Како ќе штедиме струја зимава - мерки и препораки

16 авг 2022

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија кои мора да се испочитуваат зашто во спротивно ќе следуваат казни. 

Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, мерките ќе стапат во сила од 1 септември годинава, а ќе важат до 31 март 2023 година.

Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план, не само за нас, туку и за сите земји во регионот, како и во Европа. За полесно да се справиме со она што не' очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки, подготвивме план и препораки за заштеда на струја. Мерките се поделени во повеќе категории, зависно дали се работи за домаќинства, компании или објекти, институции и претрпијатија во државна сопственост. Целта е намалување на потрошувачката за 15 отсто споредено со истиот месец лани. Ако не се постигне оваа цел, ќе следуваат согласно етичкиот кодекс и сите уредби, одредени санкции за сите раководители на институциите, истакна Бектеши.

Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, во сезона на ладење климите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, да се исклучуваат компјутерите по работата, редовно да се менуваат филтрите на грејните тела и клима уредите, да се принтаат само потребните материјали, да се заменат прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од препораките за државните институции.

Бизнисот со месеци наназад применува мерки за заштеда на електрична енергија а кои вчера, во форма на препораки ги објави Владата. Соочени со високите цени на енергенсите кои континуирано ги зголемуваат нивните трошоци за производство и свесни дека енергијата е неопходна за одржување на бизнисот,  тие на  секој начин се обидуваат да не дојде до прекин на производството.

Затоа многу компании веќе инвестираа во соларни панели за производство на струја од сончева енергија, а потрошувачката на нафта и гас ја намалуваат на максимално можно ниво. Барањето од бизнис заедницата е наместо со повици Владата да се ангажира да се обезбеди непрекинато снабдување со струја и енергенти во текот на престоечките месеци. На тој начин Владата нај многу би помогнала за опстанокот на компаниите и работните места, а со тоа би се избегнала рецесија“, изјави за „Локално“ Ангел Димитров од Оргнизацијата на работодавачи на Македонија Според Димитров,  поголема грижа за средствата што се користат од буџетот мора да покаже и јавниот сектор, особено институциите кои се финансираат од буџетот иако рестрикциите и нив би ги погодило како граѓани.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...