Македонија

КАМ шампион според бројот на новоотворени маркети во Бугарија годинава

09 авг 2022

Македонскиот синџир на супермаркети КАМ маркети е шампион според бројот на отворени нови објекти во Бугарија од почетокот на годината, пишува информативниот сајт „Марица.бг“.

Порталот посочува дека од почетокот на годинава, компанијата КАМ отвори шест нови супермаркети на територијата на Бугарија, оставајќи ги зад себе бугарскиот „Т-МАРКЕТ“ со пет отворени продавници, австриската „Била“ и германскиот„Лидл“ со по два и германскиот „Кауфланд“ со еден маркет.

Во текстот се посочува дека компанијата КАМ е основана во 1999 година во земјава и дека има 76 маркети на територија на државава, 20 во Косово и 22 во Бугарија, каде првиот е отворен во ноември 2017 година во Софија.

Голем дел од производите во маркетите се увозни – овошјето и зеленчукот доаѓаат директно од Грција и Турција, од Германија и Швајцарија се сувомесните, конзервираните и млечните производи, од Тајланд – конзерви риби, од Кина – непрехранбени стоки… Компанијата има и бугарски стоки во својот асортиман, пишува„Марица.бг“.

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...