Македонија

Денеска следете го 7 FMCG SUMMIT SKOPJE 2021!

28 окт 2021

Денеска се одржува 7 FMCG SUMMIT SKOPJE 2021, најголемиот трговски настан во годината што ги обединува професионалците од трговијата, дистрибуцијата, логистиката и сите други придружни дејности во индустријата за стоки за широка потрошувачка. Самитот почнува во 9.15 часот и се одржува онлајн. 

Следете ја конференцијата БЕСПЛАТНО на линкот https://www.youtube.com/watch?v=CxgPYacP7rY.

Организатори се магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.

Говорници се:

- Реј Гал (Ray Gaul), ко-основач и извршен директор во Retail Cities;  

- Александра Мартиновска Стојческа, професор и раководител на Институтот за агроекономика на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје (УКИМ);

- Селма Кадиќ – Маглајлиќ, професор по маркетинг на CBS;

- Душан Рангелов, директор за развој на бизнис, основач на „Sales & Business Consulting“ во Србија;

- Илина Бакев, директорка на компанијата „Мамас“ (Mama’s) во Австрија

-Петар Бошкоски, менаџер за комерцијални операции во „Филип Морис ТКП ДОО Скопје“;

- Борис Вукиќ, партнер и еден од основачите на „ Adizes Southeast Europe “ (ASEE);

- Драган Стајковиќ, генерален директор на компанијата „Бамби“.

Спонзори на 7 FMCG SUMMIT SKOPJE 2021 се: „Веро“, „Тинекс“, КАМ, „Гебрудер Вајс“, „Орбико“, „Нелт“, НЛБ Банка, „Тривити“, „Пакомак“, „Пивара Скопје“, „Гранд кафе“ и „Мама’с“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...