Македонија

Јогурт без лактоза на „Бимилк“

23 јул 2021

Лицата кои развиле нетолеранција на лактоза можат безбедно да го користат Моја кравица јогуртот без лактоза, соопштија од млекарницата „Бимилк“. 

Aко се констатира дека организмот развил нетолеранција на лактоза, за тоа има лесно достапно и корисно решение, така што нема да мора да се откажувате од вашите омилени млечни производи. Следејќи ги нутритивните трендови и потреби за специфична исхрана, Моја кравица јогуртот без лактоза е направен со современ технолошки процес при што лактозата е целосно елиминирана, а притоа се задржани сите хранливи состојки од млечните производи. Ова е особено важно кога станува збор за јогуртот, имајќи предвид дека влегува во секојдневното мени, соопштија од „Бимилк“. 

Јогуртот без лактоза е наменет е за сите оние кои се соочуваат со нетолеранција на лактоза. Освен што може да се консумира без страв од несакани здравствени тегоби и последици по дигестивниот систем, овој јогурт без лактоза изобилува со високо хранлив состав и претставува богат извор на протеини, калциум и витамини како што се А, Б12 и Д, дополнуваат од компанијата. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...