Македонија

Одобрена поддршка од 53,4 милиони евра за инвестициите на 49 компании

16 окт 2020

На 49 извозно ориентирани претпријатија вчера од страна на Владата им беше одобрена финансиска помош од 53,4 милиони евра според Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Владата ги прифати нивните инвестициски планови кои ќе треба да го зголемат извозот на нивните производи а за возврат ќе им се покријат од 10 до 20 отсто од вложените инвестиции, но не повеќе од милион евра по компанија.

Според извештајот на Агенцијата, потврдено со мислењето на Комисијата, на повикот за финансиска поддршка на инвестициите, согласно Планот за економски развој и Законот за финансиска поддршка на инвестициите за 2020 година аплицирале 54 компании за нови договори и 11 компании за измена/дополнување на договорот, односно за анекси на претходно потпишани договори.Од 54-те барања за финансиска поддршка на инвестициите за нови договори, одобрени се апликациите на 39 компании, а од пристигнатите 11 барања за анекси, одобрени се 10 апликации на компании за поддршка на нивните  инвестиции во тековната година, согласно условите и критериумите утврдени во  Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Вкупниот износ одобрена поддршка за инвестициите за компаниите од двата пакета изнесува 53,4 милиони евра.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Нов закон за работни односи од следната година

21 окт 2020

Финансиска помош за самостојните вршители на дејност

21 окт 2020

Поддршка за 48 компании кои инвестираа во време на корона-криза

21 окт 2020

„Македонија 2025“ освои награда Small Business Awards 2020

21 окт 2020

„Рамстор“ со волонтерска акција против гладот

21 окт 2020

„Кипер“ го отвори 56. маркет

21 окт 2020
Вчитува уште новости...