Skopje Marketing Summit 2021

Јадранка Накова: Колку вреди твоето дигитално јас?

12 мај 2021

Тивкиот ментор и советник на млади жени што градат кариера – Јадранка Накова, на претстојниот Skopje Marketing Summit, ќе зборува за вредноста на „твоето дигитално јас“.

Искусен маркетинг и комуникациски стратег со 20-годишно меѓународно работно искуство во неколку различни индустрии. Водела маркетинг и ПР-оддели во мултинационално окружување за автомобилски, вински и софтверски брендови, креирајќи и имплементирајќи иновативни бренд-стратегии за најконкурентните светски пазари.

Во постојана потрага по нови искуства и трансформирачки трендови, во моментот таа е на позицијата маркетиг и ПР-директор и член на Одборот на директори во клиничката болница „Жан Митрев“. Одлично конектирана во корпоративната и старт-ап заедницата, таа е тивок ментор и советник на млади жени што градат кариера. Силен поддржувач на идејата дека до кој било во светот се стигнува со неколку телефонски повици.

На Skopje Marketing Summit, настан наменет за сите маркетинг-професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот, Јадранка ​​ќе зборува на тема „Колку вреди твоето дигитално јас?“.

Настанот ќе се случува онлајн на 20 мај и ќе биде бесплатен за следење. Повеќе информации погледнете на https://marketing-summit.mk/.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...