Skopje Marketing Summit

Врвни професионалци и стратези – говорници на Skopje Marketing Summit (2)

05 мај 2021

Докажани и светски признати професионалци од земјава и од регионот ќе бидат говорници на првиот Skopje Marketing Summit што ќе се одржи на 20 мај бесплатно, онлајн, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.

InStore веќе ви претстави дел од говорниците, а во продолжение ви ги претставуваме и останатите говорници кои ќе го збогатат самитот наменет за сите маркетинг-професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот.

 

ЛИЛИАНА КАИМАКАН. Со долгогодишно искуство во маркетинг и лидерство, стекнато со работење на повеќе категории, различни брендови и во мултикултурни средини, Лилиана има огромни искуства во креирање стратегии и отворање на нови можности, водејќи ги бизнисите во неверојатен брз пораст. И сето тоа преку нејзината огромна енергија и постојан отворен пристап кон нови можности. На самитот ќе зборува за „Иновирање на портфолиото на иднината“. Прочитајте повеќе

 

 

 

АЛЕКСАНДРА ДИЛЕВСКА. Една од основачите на Publicis Groupe во Македонија и во моментов главен извршен директор за Хрватска и Македонија, како и оперативен директор за Adriatic регионот. Има огромно искуство во стратегија, градење на брендови и креирање на кампањи за локални и интернационални клиенти. Во колекцијата професионални награди се наоѓаат Cannes Lions, Euro Effie, Eurobest Golden Drum, Balcannes, IdeaX. Нејзината тема на самитот е „Водење на брендовите кон иднината“. Прочитајте повеќе

 

 

 

ЈАДРАНКА НАКОВА. Во постојана потрага по нови искуства и трансформирачки трендови, во моментот таа е на позицијата маркетиг и ПР-директор и член на Одборот на директори во клиничката болница „Жан Митрев“. Одлично конектирана во корпоративната и старт-ап заедницата, таа е тивок ментор и советник на млади жени што градат кариера. Таа на самитот ќе понуди одговори на прашањето: „Колку вреди твоето дигитално јас?“. Прочитајте повеќе

 

 

 

 

ДАНЧО ДИМКОВ. Тој е сериски претприемач, основач и извршен директор на BizzBee Solutions. Но, најмногу од сè, е силен поборник за напредок. Тој едноставно е инспириран од развојот и напредокот на луѓето, компаниите, односите и деловните активности. Секогаш жеден за нова бизнис-авантура, основачот на BizzBee Solutions – Данчо, ќе ви помогне да го најдете вашиот идеален клиент на Linkedin. Прочитајте повеќе

 

 

 

 

ЛЕЊА ФАРАГУНА ќе зборува на тема: „Бидете заебано отпорни во време на криза и станете marCAREter!“. Таа почна ново движење на модерен маркетинг, наречено marCAREting, при што верува дека ако навистина се грижиме секојдневно за себеси, тогаш можеме вистински да се грижиме и за нашите клиенти и да го развиеме бизнисот што е можно побрзо и полесно. Прочитајте повеќе

 

 

 

Skopje Marketing Summit ќе се случува онлајн на 20 мај и ќе биде бесплатен за следење. Повеќе информации погледнете на https://marketing-summit.mk/.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...