Skopje Marketing Summit

Лења Фарагуна: Бидете заебано отпорни во време на криза и станете marCAREter!

06 мај 2021

Креаторката на новото движење marCAREting – Лења Фарагуна, ќе биде говорник на првиот Skopje Marketing Summit што ќе се одржи онлајн на 20 мај во организација на агенцијата „Кликер маркетинг“ и магазинот InStore. Нејзината тема е: „Бидете заебано отпорни во време на криза и станете marCAREter!“.

Со диплома по aнглиски jазик и американски студии на Универзитетот во Виена, Универзитетот Карл-Франценс Грац и Јуси VII во Париз, таа почнува да предава англиски јазик во големите корпорации.

Подоцна Лења се вљубува во радиото како медиум и ја пишува магистерската теза на тема „Семиотика во радио-рекламирањето“ на Универзитетот во Источен Лондон. Член е на одборот на најголемата радио-конференција во Европа (The Radiodays Europe), го основаше Бирото за радио-рекламирање Словенија и го советуваше и поддржуваше основањето на Бирото за радио-рекламирање во Србија.

Таа почна ново движење на модерен маркетинг, наречено marCAREting, при што верува дека ако навистина се грижиме секојдневно за себеси, тогаш можеме вистински да се грижиме и за нашите клиенти и да го развиеме бизнисот што е можно побрзо и полесно. Во последните 5 години ги води жените претприемачи да се свртат во дигиталните деловни модели со создавање дигитални производи (курсеви, членства, бета-курсеви итн.).

Лења има зборувано на меѓународни конференции рамо до рамо со светски познатите Гери Ванерчук, Funky Business Guys – Кјел Нордстром и Јонас Ридерстерл, Џулијан Треџ и Роберт Мареј. Во моментов, таа работи на два проекта THE UNBREAKABLE FAMILY на англиски јазик и BIZNIS BFF на словенечки јазик, каде што ги води неконвенционалните претприемачи да научат како да комуницираат поубедливо, од човек до човек, реално, сурово и релевантно. Всушност, како органски да креираат заедница на социјалните мрежи.

На Skopje Marketing Summit, настан наменет за сите маркетинг-професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот, Лења ќе зборува на тема „Бидете заебано отпорни во време на криза и станете marCAREter!“.

Настанот ќе се случува онлајн на 20 мај и ќе биде бесплатен за следење. Повеќе информации погледнете на https://marketing-summit.mk/.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...