Актуелно

Холандски „Плус“ претстави замена за месо

01 окт 2020

Холандскиот малопродажен синџир „Плус“ претстави нова категорија замена за месо, приватна трговска марка, под својот бренд Plus.

Во рамки на новата понуда, за почеток, се вегетаријанска верзија на мелено месо и свежи бургери збогатени со витамин Б12 и со железо. Од компанијата соопштија дека работат на проширување на асортиманот. 

Од „Плус“ соопштија дека уделот на лица кои не се вегетаријанци и повремено јадат месо во Холандија се зголеми на 43 отсто во 2019 година, од само 14 отсто пет години претходно, во 2014 година. Исто така, наведуваат дека намирниците кои претставуваат замена за месо оваа година се во пораст во просек за 34,1 отсто, повикувајќи се на податоци од истражувачката агенција „Нилсен“. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...