Актуелно

Од утре, повторно ПСР тест за влез во Македонија

08 јул 2020

Од утре, сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора што сакаат да влезат во Македонија, задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа.

Ова е препорака од состанокот на Комисијата за заразни болести што се одржа утрово и што ќе биде доставена до Владата. Потоа, Владата ќе треба да се изјасни дали ќе ја прифати препораката. 

Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји, соопштија од Министерството за здравство.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...