Актуелно

„Колрајт“ дистрибуира повеќекратни рачки за количките за пазарување

19 јун 2020

Белгискиот трговец „Колрајт“ почна да дистрибуира повеќекратни рачки што можат да се извадат од количките за пазарување.

Трговецот се здружи со „Кликс тојс“ за проектот што ќе опфати дистрибуција на околу 6 милиони комплети од рачките Clipeez. Целта е на купувачите да им се овозможи чувство на сигурност при купувањето, односно да ги користат количките за пазарување без директен контакт со рачките.

Рачките се практична алатка и ќе бидат дел од новата, сега веќе вообичаена практика, како носењето маски на лице, велат од менаџментот на компанијата.

Рачките се 100% рециклирачки и се наменети за повеќекратна употреба. Можат да се мијат во машина за садови или со вода и сапун. Засега рачките се дитрибуираат во 30 продавници во 4 региони во Белгија. Од „Колрајт“ очекуваат дистрибуцијата на бесплатните рачки да биде низ целата земја до крајот на јули.

Изворesmmagazine.com



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...