Актуелно

Ковид-менаџер, ново занимање во Италија

11 мај 2020

Пазарите на отворено во Италија се отворија по двомесечна пауза и оваа категорија трговци претрпе огромни економски загуби. Засега продажбата е ограничена само на продукти, затоа што фазата два во Италија подразбира постепено и експериментално отворање.

Тезгите мора да бидат оддалечени два и пол метри, на пазарите имаат пристап луѓето на кои прво им се мери температура и мора да имаат маски и ракавици кои, доколку ги немаат, ги добиваат на самото место.

Со отворањето на пазарите е воведено и ново занимање, ковид-менаџер. Отсега тој е присутен на самото место, каде што го контролира почитувањето на сите прописи и мерки за безбедност. Негова задача е да одреди колку лица смеат да бидат присутни на тоа место (број на продавачи, број на тезги), да мери растојание, да распоредува тезги, да одредува влезови и излези.

Накусо, ковид-менаџер е координатор кој надгледува на италијанските пазари сè да функционира како што се бара со прописите. Тој исто така е лице на кое трговците му се обраќаат доколку има некаков проблем, некои критични ситуации, а тука се и за секоја забелешка или прашање.

На крајот, соработката е основа за гарантирање максимална безбедност за продавачите, купувачите, како и за персоналот.

Продавачите не се задоволни со условите за отворање на пазарите, со воведувањето ковид-менаџери, огради кои ги сметаат за несоодветни, и се надеваат дека од 18 мај нешто ќе се промени кон подобро.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...