Актуелно

Верица Мартиновски: Content! Content! Content!

14 дек 2018

Воведничар: Верица Мартиновска,  InStore – Македонија

Пред неколку години, на една маркетинг-конференција во Белград, на програмата имаше тркалезна маса на која се дискутираше за тоа што е важно во маркетингот, во комуникацијата со потрошувачите, во дигиталното огласување, што ќе биде актуелно во следниот период и многу други клучни прашања. Еден од главните говорници на тркалезната маса беше човек со престижна позиција во многу голема компанија, од кого сите очекувавме/се надевавме дека ќе чуеме некое ново видување, сознание, некоја комплетно нова идеја, некој пример. Да бидам искрена, очекувавме и повеќе одлични идеи, не само една. Но, како течеше разговорот, говорникот од кој толку многу очекувавме имаше само еден одговор на сите поставени прашања – Content!

Кратко и јасно, одговорот секогаш беше Content, без премногу објаснувања. При крајот на разговорот веќе се слушаше потсмев во публиката бидејќи уште пред да одговори го знаевме одговорот. Ни звучеше препотентно, сметавме дека не споделува ништо суштинско, туку само она што е веќе толку многу пати кажано, што сите го знаеме.

И еве ме, после толку време, размислувајќи на што да се осврнам во овој воведничар, од сѐ што чув на таа конференција само на тој одговор се сеќавам – Content. И не само тоа, туку токму таа порака помислив дека е вистинската што сакам да ја споделам со вас на прагот на новата година.

Content или содржина, во контекст на квалитетна содржина е најважното во секој аспект од нашето постоење и дејствување. Содржината на разговорите што ги водиме, на е-пораките што ги пишуваме, содржината на асортиманот што го нудиме, содржината на производите што ги продаваме, содржината на пораката што ја пренесуваме, содржината на енергијата што ја зрачиме.

Содржината со целото нејзино богатство на постоење, со целата ширина и разнобојност, секогаш била важна, но сега е најважна.

Во ера во која медиокритетите владеат, во која празните пораки поминуваат, во која самопромоцијата уште малку ќе се воведе за редовен предмет од прво одделение, во општество без скрупули, застанете накратко и размислете за содржината на вашата компанија, за содржината што вие ја испраќате. Сите да направиме анализа на содржината што сме ја создале и да ја замислиме содржината што сакаме да ја создаваме отсега натаму.

Да бидеме креативни, да бидеме позитивни, да бидеме искрени, да создадеме еден убав бран кој ќе се пренесе понатаму во општеството. Квалитетната содржина е избор. Секогаш ни е на дофат, само треба да направиме уште еден чекор повеќе и да посегнеме по неа.

Ви посакувам среќна и бериќетна Нова 2019 година, убава клима за работење, јасна и отворена комуникација и многу квалитетна содржина!

Content! Content! Content! smiley



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Мариа Лазарова-Иванова: Ќе ја зајакнеме одржливата деловна практика

28 сеп 2020

Компанијата dm им исплати бонус од по 9.000 денари на сите вработени

28 сеп 2020

Ејуп Абдулахи: Успехот е круна на најпосветените

28 сеп 2020

„Лидл“ извезува хрватски производи во 14 европски земји

28 сеп 2020

Саемот на ПЛМА ќе се одржи онлајн

28 сеп 2020

Холандски „Плус“ претстави замена за месо

28 сеп 2020
Вчитува уште новости...