Актуелно

Најдобрите доаѓаат - подгответе се за 27 октомври!

03 окт 2022

Актуелни и предизвикувачки теми за FMCG-индустријата ќе бидат презентирани од врвни професионалци од земјава и од регионот на 8 FMCG Summit Skopje, кој ќе се одржи повторно во живо на 27 октомври во хотелот „Александар палас“.

Трговскиот настан на годината е во организација на магазинот InStore и агенцијата Кликер маркетинг.

Мина Јанакиев, која е дел од „Нилсен IQ“ – Србија веќе 5 години, е консултант за анализа на продажбата за Јадранскиот Регион. Низ годините таа стекнала големо искуство работејќи на истражувања, базирани на напредна и секојдневна аналитика. На почетокот од кариерата, нејзиниот фокус е насочен кон малопродажните трговци, но со текот на времето ја прошири соработката на целата FMCG-индустрија.

Дејан Митковски, експерт за продажба и бизнис-развој, има повеќе од 22 години професионално искуство во FMCG-секторот, работејќи за некои од најголемите мултинационални и регионални компании во земјава на различни менаџерски позиции во одделот за продажба. Тој има големо познавање за различни категории на храна и пијалаци, различни канали на продажба на пазарот, како и за логистика. Има воспоставено долгорочни професионални врски со сите релевантни чинители на пазарот.

Ениса Селмановиќ-Салкиќ е претприемач со повеќе од 16 години искуство во работа со поединци, тимови и организации во БиХ. Им помага на компаниите да се реорганизираат, да воспостават процеси и да се развиваат во насока на зголемена ефикасност и профитабилност. Преку работа на проекти и таргетирано образование, развива лидери што ги стекнуваат сите потребни знаења и вештини и знаат како да ги применат за да ги постигнат целите на компанијата.

На 8 FMCG Summit Skopje премиерно пред секторот ќе говори сопственикот и основач на „Кам“ – Гоце Камчев, а со презентација ќе се претстави и Бојан Радун, главен извршен директор на „Имлек“.

InStore во следните денови ќе продолжи да ви ги претставува и другите говорници на Самитот. Следете нè на www.instore.mk и на fmcg-summit.mk.

Резервирајте го 27 октомври за да ги проследите најдобрите говорници од земјата, регионот и од светот.

КОТИЗАЦИИ

1 учесник – 199 евра

2 до 3 учесници од компанија – 177 евра по лице

4 до 6 учесници од компанија – 155 евра по лице

Повеќе од 7 учесници од компанија – 133 евра по лице

(Цените се без ДДВ)

ПРИЈАВИ И КОНТАКТ

е-пошта: info@fmcg-summit.mk



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...