Актуелно

Мате Римац вложи во „Грунтек“

19 јул 2022

Хрватскиот инвеститор Мате Римац инвестираше во старт-ап платформата „Грунтек“, производител на храна со единствен концепт во светот. 

Имено, „Грунтек“ е перспективен спој на агрономијата и технологијата: корисниците преку веб - апликација управуваат со садењето зеленчук во својата виртуелна парцела. „Вистинската“ градина се наоѓа во место близу Загреб, каде тим земјоделци на „Грунтек“ се грижат за еколошко одгледување и берба на зеленчукот. Потоа корисниците бираат дали сакаат достава на домашна адреса, да одат во „Грунтек“ и сами да берат или да ја донираат својата кошница зеленчук на некој од загребските детски домови или социјални кујни. 

„Грунтек“ е поглед во иднината на земјоделството -производството на храна драстично ќе се менува и сега е важно визионери како Римац да се вклучат и да ја насочат револуцијата во вистински правец. За нашиот тим е од непроценливо значење да се има таква поддршка, изјави Тино Просеник, основач на „Грунтек“. 

Римац со својот придонес сака да го насочи проектот кон развој на обновливи извори на енергија, а во иднина целосно да ги отстрани загадувачите од производствениот процес. 

Мате Римац е млад хрватски инвеститор, сопственик на брзо растечката компанија за електрични автомобили „Римац аутомобили“, препознатлива по својот иновативен концепт за електрични автомобили. Тој почна да вложува и во млади перспективни компании за развој на зелени проекти во рурални средини.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...