Актуелно

Проверете дали вашиот производ е MUST HAVE

09 дек 2020

Ако знаеме дека полицата е единственото место каде што се мери успехот на брендот, податоците во специјалното издание 100 MUST HAVE 2020/2021 се неопходни за вашиот бизнис и за идните проекции и планови.

Како да се зголеми асортиманот, како да се задржи местото на полица, како да се продава повеќе? Особено во ова несигурно време на светска пандемија кога потребите, навиките и очекувањата на потрошувачите се изместија од досегашниот вообичаен и горе-долу предвидлив тек.

Сите што бевте со нас досега знаете за што станува збор. И годинава имаме топ-брендови според искуствата од најголемите трговци и е-трговци во Македонија и големото истражување на InStore (телефонска и теренска анкета, спроведена на 50 категории производи), со споредба на брендови кои влегуваат во ТТ и ЛКА, истакнати брендови според региони, листа со брендови според поткатегории, анализа на првите 3 must have според категориите...

Освен истражувањето на InStore, во 100 MUST HAVE 2020/2021 се вклучија и најрелевантните истражувачки агенции. „Ипсос“ ја истражува лојалноста на потрошувачите на македонскиот пазар, а „Кантар БРИМА“ ја анализира свесноста за македонските производи. „Инсајдер ИД“ истражува на тема: Какви брендови преферираат македонските потрошувачи, домашни или странски?, „Нилсен“ се фокусира на застапеноста на увезените наспроти локалните брендови. Вообичаено, потрошувачите ги гледаат глобалните брендови како покомпетентни, но помалку топли, додека локалните се потопли, но не толку компетентни, е ставот на професорката Маја Арсланагиќ-Калајџиќ од Катедрата за маркетинг на Економскиот факултет во Сараево, а „Кантар“ дава стручни совети како брендовите можат не само да преживеат, туку и да напредуваат за време на рецесија...

Целта на проектот 100 MUST HAVE е да ја олесни работата на трговците и на производителите/дистрибутерите – кај првите за изборот, а кај другите за поставување на производите во малопродажните места низ Македонија. Изборот на топ-100 брендови е регионален проект на InStore. Специјални едиции се издаваат во Хрватска, Босна и Херцеговина и во Србија.

Проверете дали вашиот производ е MUST HAVE.

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...