Актуелно

Бектеши: Владини субвенции и за октомвриската плата

21 окт 2020

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека исплатата на субвенциите за октомвриските плати се предвидени со четвртиот пакет економски мерки и дека Владата деновиве до Собранието ќе го испрати законското решение за субвенционирање плати на компаниите.

Првата плата што треба да се субвенционираа е таа за октомври. Има доволно време законот да биде донесен навреме, рече Бектеши на денешната прес-конференција и ги повика сите политички субјекти да не водат дневна политика и во Собранието измените да поминуваат брзо.

За четвртиот пакет економски мерки, тој рече дека зависи од ребалансот на буџетот и од законските решенија кои треба да се донесат во Собранието и ги повика пратениците да ги изгласаат.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...