Актуелно

Мариа Лазарова-Иванова: Ќе ја зајакнеме одржливата деловна практика

14 окт 2020

Нашите тимови за управување со специјални ситуации низ светот глобално координираат, а локално спроведуваат релевантни мерки, планови и акции за да ги заштитат нашите вработени и да осигурат континуитет во работењето

Разговараше: Ана Филиповиќ

Својот пат во „Монделез“ го почнав пред повеќе од 15 години, во сега веќе далечната 2005 година, најпрво како мерчендајзер, го почнува нашиот разговор Мариа Лазарова-Иванова, регионален менаџер за земјите од ЕАМ (источнојадранските пазари) во компанијата „Монделез“, задолжена за пазарите во Србија и во Босна и Херцеговина. Потоа следувале искуства на различни позиции, во продажба и трејд маркетинг-планирање категории. Искуството на различни позиции ѝ овозможило не само подобро да ги разбере потребите на пазарот, туку и да има долгорочна визија за развој на луѓето. Во нашата компанија акцентот е на тоа да ги развиваме лидерските вештини, не само за менаџментот туку и за членовите на тимот, вели нашата соговорничка.

„Монделез интернационал“ неодамна го објави извештајот наречен Snacking Made Right за 2019 година, во кој истакнува значаен напредок во остварување на целите планирани за програмата за одржливост и совесен пристап кон навиките за грицкање до 2025 година. Која е улогата на Србија во остварувањето на тие цели, кажете ни нешто за програмата и за нејзиното значење.

Компанијата има глобални цели, кои се цврсто поврзани со нашата деловна стратегија, и сите пазари придонесуваат кон остварување на тие цели. Нашата стратегија на одржливост во синџирот на снабдување тргнува од мисијата на „Монделез интернационал“ да понудиме вистинска ужина, во вистински момент, направена на вистински начин. Фокусирани сме на тоа да произведуваме преку одржлив синџир на снабдување, со употреба на помалку енергија, вода и отпад, со состојки кои потрошувачите ги познаваат и на кои им веруваат. Во таа смисла, имаме специфични цели низ кои ја покажуваме својата одговорност и константниот напор да напредуваме и да оствариме значителни промени. Во остварување на таа цел имаме јасен пристап и поставивме транспарентни насоки до 2025 година. Некои се однесуваат на одржливост во синџирот на снабдување со состојки, како што е планот сите наши чоколадни брендови да бидат произведени од какао добиено од нашата „Какао Лајф“ програма за одржливо производство и набавки до 2025 година, додека до 2022 вкупниот процент на набавки на пченица од ЕУ ќе биде произведен во рамките на програмата за одржливо производство и набавки, „Хармони“ и остануваме доследни кон употребата на 100 отсто сертифицирано палмино масло. Како дел од нашата посветеност за намалување на влијанието на животната средина, се занимаваме со најголемите предизвици за одржливост на производни состојки кои се дел од нашето работење, каде што спаѓаат и загадувањето со пластика и климатските промени. За да ја постигнеме својата долгорочна визија за нулта нето-отпадна амбалажа, се посветивме на тоа целата наша амбалажа да може да се рециклира, додека целата хартиена амбалажа ќе потекнува од одржлив начин на производство. Се фокусираме и на социјалната димензија, со почит кон човековите права и кон нашиот систем на вредности. Кон сите се однесуваме чесно, од работник во нашите погони до малите земјоделци и нивните заедници во нашите синџири на снабдување.

Во која мера тие цели се погодени од моменталната состојба со пандемијата?

Во текот и по пандемијата внимателно ќе ги разгледаме ресурсите на нашата планета и ќе ја зајакнеме одржливата деловна практика. Секако, развојот на настаните доведе до извесни приспособувања и своите напори ги фокусиравме таму каде што беше најпотребно. Кога почна епидемијата, ние им дониравме 15 милиони долари на партнерите во заедницата, како финансиски, така и во наши производи, во напорите за итна помош низ светот. Поддршка за оваа програма ќе стигне и од „Монделез интернационална фондација“,  како и од глобалните и локални иницијативи за трговски марки. Пандемијата е огромен здравствен предизвик кој ги доведе во ризик некои од најзагрозените луѓе во светот, како што се нашите регистрирани одгледувачи на какао во „Какао Лајф“ програмата и нивните заедници. Здравјето и благосостојбата на овие заедници, нашите вработени и на нашите партнери се од највисок приоритет за „Монделез интернационал“, бидејќи сакаме да обезбедиме стабилно снабдување со какaо низ одржливо производство и набавки. Нашите тимови за управување со специјални ситуации низ светот глобално координираат, а локално спроведуваат релевантни мерки, планови и акции за да ги заштитат нашите вработени, осигурувајќи континуитет на работењето. Фабриките „Монделез интернационал“ работат нормално и не постои формално ограничување за протокот на стоки.

„Нелт“ и „Монделез“ се партнери во Србија повеќе од 20, а во БиХ шест години. Наспроти комплицираната и променлива ситуација, силното партнерство ни овозможи да продолжиме со работа без поголеми промени

Како оваа криза влијаеше врз Вашето работење на пазарите за кои сте задолжени - Србија и БиХ, а како на глобално ниво?

Во самиот контекст на кризата се соочивме со предизвици, бидејќи ситуацијата се менуваше од ден во ден, а нашите планови мораа „во од“ да се менуваат. Моравме да станеме многу поагилни, што не е лесен процес за толку голема компанија. Работиме на ниво на хабови, земјите од ЕАМ се дел од јужноцентралноевропскиот хаб, така што навикнавме да работиме на далечина и агилно. Транзицијата се случи брзо. За нас беше важно да осигуриме дека работата не трпи и дека нашите потрошувачи ќе ги добијат своите омилени производи на полица, дури и во овој тежок период. И покрај комплицираната и променлива ситуација, силното партнерство со „Нелт“ ни овозможи да продолжиме со работа без поголеми промени во секојдневната испорака.

Какви промени забележавте во навиките на потрошувачите на пазарите во Србија и во БиХ?

Потрошувачите одбираат брендови што им се познати и што ги сакаат. Помалку време поминуваат во продавница, купуваат брзо, намалена е желбата за експериментирање. Така, попрво би избрале брендови што им се познати и тука нашите брендови како Milka и Oreo се во значителна предност.

Вашите производи на територијата на Србија ги дистрибуира „Нелт“. Дали во актуелниот период имаше некакви проблеми?

„Нелт“ и „Монделез“ се партнери во Србија повеќе од 20, а во БиХ шест години. Наспроти комплицираната и променлива ситуација, силното партнерство ни овозможи да продолжиме со работа без поголеми промени. Но, посебно за Србија, затворањето на ТТ (помали) продавници и скратеното работно време имаа негативно влијание. Сакам да нагласам дека со партнер каков што е „Нелт“ бевме една од ретките компании во двете земји што ниту еден ден не ја сопре испораката.

Што за компанија како „Монделез“ значи адекватна дистрибуција и во која мера таа придонесува за подобра продажба и позиционирање на Вашите производи?

За нас, долгорочно гледано, дистрибуцијата е сложена услуга, по пат на различни канали, позиционирање според стандардите на компанијата, блиска соработка и разбирање на потребите на пазарот и на потрошувачите. Со сето тоа се соочуваме заедно со „Нелт“ и очекуваме уште поплодна идна соработка.

Какви резултати остваривте во Србија и во БиХ пред избивањето на пандемијата? Каде гледате простор за подобрување?

Претходната 2019 година беше исклучително успешна на двата пазара. Во Србија стекнавме пазарен удел во чоколадо, додека во БиХ, исто така, постигнавме добри резултати со нашите сезонски производи кои се релативно нови на овој пазар во категориите гуми за џвакање и бонбони, кои и натаму ќе ги развиваме. Оваа и следната година главен стратешки фокус ќе ни биде кекс, а и во иднина ќе ги поддржуваме нашите брендови Milka, Oreo, Belvita и Tuc.  

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Бектеши: Владини субвенции и за октомвриската плата

01 окт 2020

Горан Теменугов: Половични луѓе

01 окт 2020

Што мисли бизнисот - за и против етнички вработувања

01 окт 2020

Германците повторно панично купуваат тоалетна хартија

01 окт 2020

Компанијата dm им исплати бонус од по 9.000 денари на сите вработени

01 окт 2020

Ејуп Абдулахи: Успехот е круна на најпосветените

01 окт 2020
Вчитува уште новости...