Видео вести

(ВИДЕО)Hennessy ја раскажува приказната на Морис Ешли

25 сеп 2020

Морис Ешли е првиот црнечки велемајстор во шах, кој ја доби титулата во 1999 година.

Неговото шаховско патешествие почнало со легендарната улична шаховска група „Блек беар скул“ (The Black Bear School) во Бруклин, Њујорк, и токму таа приказна е тема на најновата реклама на францускиот коњак Hennessy.

Во кампањата со наслов „Играта никогаш не е завршена“ (The Game is Never Finished) се рекреира амбиентот на Бруклин во раните 90-ти години од минатиот век, кога се развила шаховската група „Блек беар скул“. Огромно внимание е посветено на деталите, така што автентичноста на спотот се рефлектира преку локациите, облеката, уличната уметност, музиката, па дури и преку техниката на снимање со камери и филм од тоа време.

Особено важна улога во кампањата има музиката, која ги комбинира звуците на хип-хопот на (тогаш) помладата генерација шахисти од шаховската школа со џезот и соулот на постарите членови. Во еден момент музиката преминува во Моцартовиот „Реквием“, едно од најграндиозните дела на класичната музика, омиленото на шаховскиот велемајстор.

Спотот од кампањата се фокусира на кратките животни лекции што Морис ги научил од шахот, како што се трпеливоста и способноста да се победи противникот преку умешноста за гледање на работите од негова перспектива.

Кампањата е дело на агенцијата „Дрога 5“, режисер е Даниел Волф од продукцијата „Самсач“, а наратор е американскиот рапер Нас.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



(ВИДЕО) „Амазон“ тестира плаќање со дланка

23 апр 2020

(ВИДЕО)Линкдин-кампања на „Маерск“

23 апр 2020

(ВИДЕО) Прва реклама на „Кока-кола“ во време на пандемија

23 апр 2020

(ВИДЕО) Nike порачува: Не прави го тоа!

23 апр 2020

(ВИДЕО) Ковид-19 како осамено чудовиште

23 апр 2020

„Апатинска пивара“ со новата реклама повикува на одговорност

23 апр 2020
Вчитува уште новости...