Видео вести

(ВИДЕО) Oatly прашува: Дали сте глупави?

02 мар 2021

Во видеоспотот на Oatly се прикажани испитаници што се обидуваат да најдат разлика меѓу млеко и овесна напивка само врз основа на пакувањето.

Шведскиот бренд овесни напивки Oatly преку дигитална кампања му се спротивставува на Европскиот парламент за да ги спречи потенцијалните регулаторни рестрикции за пакувањата на производи од растително потекло.

Централниот видеоспот на кампањата прикажува испитаници што се обидуваат да најдат разлика меѓу млеко и овесна напивка само врз основа на пакувањето. Откако сите испитаници ќе погодат точно, следува заклучокот: Како што излезе, луѓето не се глупави.

Потоа гледачите се пренасочуваат кон линк до петиција против намерата на Европскиот парламент да донесе законски измени (амандман 171) со кои би можеле да се забранат фразите „без млеко“ и „кремаво“ на пакувањата за напивки од растително потекло. Објаснувањето е дека тие ознаки може да предизвикаат заблуда кај консументите.

Ова е апсурдно. Овој амандман е во директна спротивставеност на целите на ЕУ за создавање поздрави и поодржливи системи за храна, односно на стратегијата „Од фарма до виљушка“ на Европската комисија, вели Тобијас Нордструм од „Оутли“, компанија со седиште во Малме.

Како дел од кампањата лансиран е и онлајн-тест за глупавост, во кој потрошувачите можат да ја тестираат способноста дали можат да разликуваат производи од млеко и од растително потекло.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...