Методолошкиот пристап обезбедува нашите корисници на производот да станат кокреатори на новите или да учествуваат во унапредување на постојните производи
Автор: Ана Јеличиќ, партнер во академијата DesignThinkers Adriatic, ana@designthinkersacademy.com
Дизајн-тинкинг е методологија која се занимава со креативното решавање на проблемите преку иновирање на производите и услугите со крајна цел задоволување на потребите на корисниците. Методолошкиот пристап обезбедува чекори во кои прво се занимаваме со истражување и разбирање на проблемите, а дури потоа со решавање на проблемите.
Во минатиот текст ја покривме темата за важноста на креативното истражување во дизајн-тинкинг, како и за различните методи и техники што се применуваат. Но, што да правиме со податоците кои ги собираме и на кој начин ги обезбедуваме според методологијата дизајн-тинкинг?
Развојот на емпатијата со корисниците и андроцентричниот пристап стануваат сè поважни од година на година, и едни од клучните двигатели во процесот на иновирање во најпознатите компании во FMCG-индустријата.
Целта на обработката на собраните податоци не е само индукативно заклучување, туку пронаоѓање обрасци во однесувањето кај нашите корисници. Во фазата на разбирање на проблемите неопходно е не само да разбереме како се однесува нашиот корисник, туку и зошто се однесува така. Неопходно е да се отиде и еден чекор понатаму од барањето логички матрици во сличностите во однесувањето на корисниците и да се откријат потребите, мотивите и ставовите што се во основата на тие прашања.
Методологијата во својата практична примена обезбедува голем број алатки, а оние што најмногу се користат за квалитетна обработка на податоците се Persona Empathy Map и Сustomer Journey Map.
Customer (Experience) Journey Map претставува визуелна презентација на патувањата и искуствата што нашиот корисник ги има кога користи одреден производ или услуга. Алатката овозможува мапирање на сите ситуации и одлуки што корисникот треба да ги донесе на патот на користењето на производот или услугите. Алатката овозможува мапирање на сите ситуации и одлуки што корисникот ги донесе на патот до користењето на производот или услугата. Мапата се креира врз основа на податоците што се собираат во текот на опсервацијата и интервјуата со нашите корисници.
Ви помага да изградите емпатија кон корисниците додека се обидувате да го искусите тоа што тие го поминуваат. Додека ги унапредувате патувањата меѓу различни корисници, истовремено ќе најдете вообичаени нишки или ќе наидете на спротивставени однесувања кои ќе овозможат подобар увид во потребите на корисниците, желбите и мотивациите. Ќе ја согледате и емоционалната мапа на патувања, односно ќе разберете во кој момент корисникот се чувствувал среќно и задоволно, а во кои ситуации се чувствувал фрустрирано, незадоволно и бесно. Активностите што укажуваат на негативните чувства кај корисниците ги нарекуваме точки на болка. Тие претставуваат простор за унапредување на корисничкото искуство.
Persona Empathy Map треба да ни ја опише корисничката група, но не низ демографските обележја, туку низ тоа што нашите корисници го мислат, кажуваат, чувствуваат, гледаат и слушаат. Мапата на емпатија ни овозможува да ги мапираме сите идејни причини за однесување на нашите потенцијални корисници и да ги групираме меѓусебно поврзаните податоци. Кога ја креираме мапата на емпатија, се фокусираме на тоа што им се случува „во главата на нашите купувачи“. Со други зборови, наместо да го оценуваме купувачот однадвор, се обидуваме производот да го видиме онака како што купувачот го доживува. За возврат, тоа ќе му помогне на тимот да влезе во кожата на своите купувачи и да почне со мапирање на нивните патувања со разбирање на тоа што се случува во главата на купувачот.
Секој проект изнедрува шест до седум persona empathy мапи, во просек, две до три customer journey мапи. Правилно пополнети, тие овозможуваат да ги разбереме потребите и фрустрациите на нашите купувачи, но и приказните што нашите корисници ги имаат со нашиот производ или услуга. Квалитетната обработка на податоците овозможува да дојдеме до увид кој претставува вистина за сите корисници заснована на нивните однесувања, искуства, верувања, потреби или стремежи кои се релевантни за контекстот на проблемите со чие решение се занимаваме. Целта е холистички пристап во разбирањето на корисникот.
Целта на обработката на собраните податоци е пронаоѓање обрасци во однесувањето кај нашите корисници. Во фазата на разбирање на проблемите неопходно е не само да разбереме како се однесува нашиот корисник, туку и зошто се однесува така.
Развојот на емпатијата со корисниците и андроцентричниот пристап стануваат сè поважни од година на година, и едни од клучните двигатели во процесот на иновирање во најпознатите компании во FMCG-индустријата (П&Г, „Пепси Ко“, „Кока-кола“...). Најпознатите лидери ја истакнаа емпатијата како вештина на иднината која е неопходна за опстанок на компанијата на пазарот.
Практичната примена на методологијата дизајн-тинкинг е видлива во развојот на производот, каде што фокусот е на креирањето и кокреирањето на новите производи со корисниците. Методолошкиот пристап обезбедува нашите корисници на производот да станат кокреатори на новите или да учествуваат во унапредување на постојните производи - transforming from consumer to participant in process of development. Искуството на купувачот (без разлика дали зборуваме за B2B или B2C) е еден од сегментите каде што методологијата дизајн-тинкинг многу успешно се применува за креирање или за унапредување на корисничките искуства. Компаниите внатре во своите структури можат да го применуваат дизајн-тинкинг во секторите човечки ресурси, продажба, маркетинг...
И за крај, сите сме дизајнери на некој процес, без оглед дали сме свесни за тоа или не. Некогаш сме во можност да дизајнираме понуда каде што дизајнот на нашата понуда го креира однесувањето на нашите клиенти. Некогаш сме во можност да дизајнираме бизнис-модел кој, во иднина, ќе креира однесување на нашите вработени или процес на нашето производство. Некогаш сме во можност да дизајнираме услуга или производ кој на одреден начин ќе креира однесување и искуство на нашите корисници. Дизајнот е процес во кој ние креираме нечие однесување. Методологијата дизајн-тинкинг ни помага во процесот на дизајнирање така што структурирано ни овозможува прво да разбереме кој е проблемот што го решаваме и за кого, а дури потоа да се занимаваме со неговото решавање.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.