Регионално

Драган Шашиќ: Ја осигуруваме верноста на купувачите на 17 пазари

11 мај 2022

Нашиот соговорник, како што ни кажа на почетокот од разговорот, одсекогаш знаел дека ќе работи во прехранбената индустрија, па во тој правец биле дефинирани неговото образование и досегашната кариера. Во „Млекара Шабац“ дошол во 2015 година, додека млекарницата уште беше во стечајна постапка. Тоа не го доживеал како пречка, туку како предизвик и можност своето дотогашно искуство во млекарската индустрија да го примени на потенцијалот што тука го видел – најпрво како задолжен за производството, а потоа и како генерален директор. Денеска е извршен директор за операции.

На чело сум на еден многу мотивиран тим, кој за само неколку години успеа да создаде современа млекарска компанија која е присутна на дури 17 пазари ширум светот и која и на домашниот и на странските пазари е препознатлива по своите квалитетни млечни производи, вели Шашиќ во разговорот за InStore.

Разговараше: Ана Филиповиќ, ana@instore.rs

„Млекара Шабац“ повеќе од 10 години е присутна во Русија и овој пазар е многу значаен за вашиот извоз. Со оглед на моменталните случувања, прво би ве прашала како тоа се одразува на вашето работење, на производството?

Во минатите 10 години извоз на голем и комплексен пазар каков што е рускиот, научивме дека за одржливо работење најважно е внимателно и редовно да ги следиме сите промени и да реагираме во согласност со нив, брзо и ефикасно. Нашата моментална цел е да ги задржиме партнерите, купувачите и дистрибутерите во Русија и да го заштитиме нашето место на тамошните полици. Секако, финансиските резултати сигурно нема да бидат на првичното очекувано и планирано ниво, но се надеваме да ја задржиме буџетираноста за проектираните волумени по прашањето за извоз, особено на сирните намали и белото меко сирење.

Дали продолживте со извоз во Русија? Како ги надминувате предизвиците во сегментот логистика и транспорт на овој пазар?

Извозот во Русија е продолжен, иако под отежнати и комплицирани околности, не по наша вина. Во овој момент навистина има многу логистички прашалници, мерките се менуваат на дневно ниво и ние секојдневно носиме одлики во согласност со актуелниот развој на ситуацијата.

Внимателното следење на навиките, желбите и потребите на купувачите одсекогаш го дефинираше правецот на развој на нашиот асортиман, со примарен фокус на квалитетот на производите.

 

Во случај немирите да потраат, дали размислувате за резервни опции за извоз на стоката наменета за Русија, на други пазари? Дали дел од тие количини може да се пласира и во Србија?

Работиме на решенија за излез од неповолната состојба, токму низ дефинирање алтернативни пазари. Пред се, тоа значи дека работиме на поголемо учество на нашите производи на домашниот, но и на пазарите на земјите од регионот – БиХ, Црна Гора, но и Хрватска, Словенија, Романија и Бугарија. Сакаме асортиманот на „Млекара Шабац“ да се најде во уште некои земји на ЕУ. Работиме и на дефинирање начини кои ќе доведат до пласман на нашите производи на кинескиот пазар и на пазарот на Саудиска Арабија. Овде се очекува и голема поддршка од Владата на Република Србија преку ускладување на меѓудржавните ветеринарни сертификати, кои се предуслов за извоз. Што се однесува на домашниот пазар, секако има простор за ширење, бидејќи „Млекара Шабац“ е пазарен лидер во продажбата на сирни намази, Sirko и A la Kajmak во водечки во таа категорија, додека Šabačka е препознатлив бренд во категоријата бели меки сирења, за кои интересот расте. Затоа неодамна инвестиравме и во редизајн на амбалажите на нашето кисело – млечно портфолио, UHT млеко и Poppy чоколадното млеко.

Кога ќе се покрие извозот, колкав дел од производството останува во Србија?

Со оглед дека сме извозно ориентирана компанија, досега 50 отсто од влезното млеко беше насочена за производство на асортиман за рускиот пазар. Остнматите 50 отсто беа за производството за домашниот и останатите пазари на кои извезуваме, во Европа но и во САД. Потенцијалот за извоз не е ни одблиску исцрпен. Пазарот на Блискиот исток и на другите азиски земји се многу заинтересирани за српските прехранбени производи од животинско потекло, но за тоа да се оствари, потребно е што побрзо да се решат статусите на непходните сертификати, на меѓудржавно ниво.

Работиме на решенија за излез од неповолната состојба, токму низ дефинирање алтернативни пазари.

Во современиот свет, компанијата веќе не може да се смета за успешна ако не работи одговорно и одржливо. Вие ниез повеќе примери покажавте дека ги почитувате овие принципи. Прва млекарница сте во Србија со Дата матрикс технологија. Кажете ни нешто повеќе за значењето на оваа технологија?

Иновациите се клучни во сите индустрии, бидејќи тие подобро ве позиционираат на многу динамичниот и конкурентен пазар. Дата матрикс е унапреден систем на следење на производите во комплетниот синџир на производство, логистика, се до пласирањето на полици. Едноставното отчитување на QR кодот дава информации за квалитетот, безбедноста и автентичноста на производот, но и за потеклото на состојките, нивната нутритивна вредност и други релевантни податоци.Тоа се податоци кои повеќето купувачи ширум светот го очекуваат и бараат да се познати, бидејќи врз основа на нив донесуваат одлуки на кои производи и брендови ќе им подарат доверба и лојалност.

Кога сме кај иновациите, ги воведувате и во самиот асортиман, го збогатувате со нови производи. Колку ви се важни иновациите за работењето? Дали потрошувачите наскоро можат да очекуваат новости од вашата млекарница?

Иновациите во асортиманот, пред се, ги темелиме на потребите и барањата на нашите купувачи, кои од нас очекуваат квалитетни производи, од млеко од домашни фарми, со природни состојки и кога е можно, без адитиви и конзерванси. Така, на домашниот пазар неодамна пласиравме уште еден производ во рамки на кисело – млечната програма, Lagani jogurt – ферментиран производ направен од пастеризирано домашно млеко, со само 1 процент масленост. Наскоро планираме уште да го збогатиме кисело – млечниот дел од асортиманот.

Последните години, особено во пандемијата, се променија навиките на потрошувачите во исхраната, па повеќе водат сметка за нутритивните вредности на производите што ги консумираат. Како одговарате на овие промени на потребите на потрошувачите?

Внимателното следење на навиките, желбите и потребите на купувачите одсекогаш го дефинираше правецот на развој на нашиот асортиман, со примарен фокус на квалитетот на производите. Висококвалитетно млеко од домашни фарми, природни состојки, како и производство со современа технологија – лежат во основата на нашите производи. Намазите, белите меки сирења, кисело – млечната програма, секој дел од асортиманот гарантира квалитетни и нутритивно вредни производи, со автентични вкусови

„Млекара Шабац“ несомнено е посветена на традицијата, но покажавте и смелост во воведувањето иновативни производи. Дали ви е тешко да го најдете тој вистински баланс меѓу традицијата и иновацијата, кој е толку важен за создавање нови производи и вкусови?

Минатата година одбележавме 90 години постоење, а годинава се навршуваат шест години откако „Млекара Шабац“ е купена од стечај. Овие два моменти токму го истакнуваат тој баланс меѓу традицијата и новите почетоци засновани на иновации и одржлив развој, во кој досега инвестиравме 9,2 милиони евра. ПОд иновации тука, пред се мислам на процеси на производство, бидејќи стратегијата на работење е заснована на унапредување на сите процеси на работењето, зголемена ефикасност, оптимизација, модернизација на на технолошките линии, сертификација и проширување на нови пазари. Исто така, многу важен аспект, односно еден од темелите на нашата стратегија за одржлив развој, е и самиот развој на добавувачите на сирово млеко  - односно, домашните фармери, од кои на крајот и зависи целата млечна индустрија.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...