Анализи

Горан Теменугов: Огромен скок - напред или назад

25 ное 2020

Повторно ни се врати грчот поради пандемијата. Бројките на дневно заразени и починати уриваат рекорди. Расте стравот дека економијата повторно ќе биде заклучена на одреден период, а ние, граѓаните ставени во карантин.

Паралелно со ова, некако под површината на радарот лебди темата како ВМРО-ДПМНЕ сака на надзорна расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет да ја распне гувернерката на Народната банка, Анита Бежоска Ангеловска. Сака да ја обвини за стечајот на „Еуростандард банка“, а посредно да го амнестира од одговорност сопственикот на оваа пропадната финансиска институција - Трифун Костовски, против кого веќе се водат сериозни истраги од Јавното обвинителство и од Финансиската полиција за можен криминал при управувањето на банката, која сега е во стечај.

Но, за ова дефинитивно нема да пишувам. Не сакам да бидам и јас дел од расправата во јавноста која, како и секогаш во Македонија, ќе заврши со уривање на доверба на некоја од институциите, во овој случај на Централната банка.

Но, има нешто друго, кое исто така е многу под радарот на јавноста, а кое ако се реализира во државава, може да биде огромен скок во економскиот живот. Дали скокот ќе биде нанапред или наназад, ќе зависи од тоа како ќе се спроведат процесите. А за да биде нанапред, ќе треба јавноста сериозно, многу сериозно да се вклучи во расправата.

Иако сме во ковид-грч, премиерот Зоран Заев во дебата на „Алсат“ најави дека се планира да се продава државното земјоделско земјиште, да се легализираат сивите пари стекнати во изминативе 30 години (кои не се од криминал, што значи транзиционите, неоданочени и скриени пари), да се декриминализира марихуаната и да се легализираат автомобилите кои сега се со странски регистарски таблички.

Од овие четири идеи сега ќе се задржам само на една. На приватизирање на државното земјоделско земјиште.

Секоја приватизација на нешто државно или општествено е одлична почва за криминал и корупција. Ако приватизацијата на земјиштето се изведе како нашата транзиција од социјализмот кон капитализмот, која беше долга и без јасни правила и нивно почитување, поточно изигрување на законите, тогаш државното земјиште може да се најде кај богатите тајкуни кои и физички ќе ја поседуваат државата. Неброени се можностите за злоупотреба при приватизација на државното земјоделско земјиште. Ќе има обиди од некои од новите газди тоа да се пренамени во градежно и наместо земјоделски култури, да никнуваат згради и населби. Постои опасноста да се концентрира во многу мал круг луѓе, кои потоа ќе ја употребуваат таквата положба за диктирање свои правила на игра. Постои и опасноста да се купи и повторно парцелите да зјаат празни наместо да се произведува храна. При приватизацијата постои опасноста чиновниците и политичарите да бидат корумпирани за да им го дадат земјиштето на луѓе со најмногу пари, а постои можноста и да се дели по партиска и роднинска линија, спротивно на јавниот интерес и на најдобрите понуди. Ова се реални опасности во земја која има малку функционален правен систем и висока стапка на корупција. Затоа, по промовирањето на идејата, јавноста мора, навистина сериозно мора да се вклучи во расправата како најдобро да се приватизира ова земјиште. Дека идејата е добра, е добра. Дека е храбра, е храбра. Дека ќе биде напаѓана, ќе биде. Но дека е потребна, е потребна. Илјадници хектари во државава се необработени, ние сме нето-увозник на храна и имаме непродуктивно земјоделство поради мали и распарчени парцели, а големите компании многу често немаат доволно земја за да бидат конкурентни и да применуваат напредни начини на земјоделско производство. Ако идејата добро се операционализира, ако се сведат на минимум можностите за корупција и злоупотреба, ако се обезбеди реална казнивост за тие што ќе бидат фатени како го изиграле системот, при што по судска одлука, ако имало злоупотреба на земјиштето, тоа ќе може брзо да се врати во државна сопственост, тогаш дефинитивно ќе направиме нешто...         

Илјадници хектари во државава се необработени, имаме непродуктивно земјоделство, а големите компании многу често немаат доволно земја за да бидат конкурентни и да применуваат напредни начини на земјоделско производство.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...