Одржани

Вештини на преговарање со трговците

15 фев 2018

На 17 и 18 април, во организација на магазинот InStore, ќе се одржи дводневната работилница „Вештини на преговарање со трговците", наменета за лицата задолжени за годишни преговори со трговците во корпорации и во мали и средни компании.

Работилницата за развој на вештините за преговарање, ќе ја води Даворка Биондиќ Винце.

ЦЕЛ НА РАБОТИЛНИЦАТА

  • Во текот на дводневниот курс, ќе научите успешно да преговарате со трговците;
  • Ќе ги подобрите вашите моментални преговарачки способности преку вежби за вештини на преговарање;
  • Учесниците ќе се запознаат со теоријата и со праксата на преговарањето преку комбинација на кратки теоретски делови и различни вежби: видеофидбек и игри;
  • Методите што ги користиме и теоријата на преговорите се потпираат на принципот на преговарање на „Харвард" и на системот на двојна победа (win-win).

ВЕШТИНИ НА ПРЕГОВАРАЊЕ СО ТРГОВЦИТЕ

 

ДЕН 1: Техники за ефикасно аргументирање во преговорите и неутрализација на отпорот

  • Три стратегии за преговарање;
  • Вовед во преговарањето;
  • Аргументирање – што (не) е аргумент?;
  • Техники на уверување;
  • Одбивање и неутрализација на отпор;
  • Ескалација, пат-позиција и поместување од мртва точка;
  • Попуштање, уметноста на отстапката, склучување договор;
  • Кога да се премине на завршување на преговорите?

ДЕН 2: Најчести преговарачки тактики во Македонија

  • Валкани, нечесни преговарачки тактики;
  • Чесни, етички преговарачки тактики;
  • Кога да се напуштат преговорите и да се повлече својата понуда?;
  • Што е виртуелно преговарање и зошто е денес потребно да се познава?;
  • Кога да се преговара „во живо"?;
  • Кога и како да се преговара преку е-мејл?;
  • Како да се преговара телефонски?;
  • Како преговараат жените, а како мажите?

ЗА ПРЕДАВАЧОТ:

Даворка Биондиќ Винце, тренер за преговарање

Дипломиран економист на Економскиот факултет во Загреб и сопственичка и директорка на ДОО „Бионди".

Своите знаења во подрачјата менаџмент и деловно преговарање ги усовршувала на деловните школи во Германија: MMCT во Хановер, „HAUFE Akademie" во Брецфелд, „COMMAX Consulting AG" во Минхен и „GABLER Management Institut".

Искуство и референци

25-годишно искуство на менаџерски позиции во домашни и интернационални трговски синџири – 11 години член на Управата за набавка и прокурист во германската групација „Лидл & Шварц" (во трговскиот синџир „Кауфланд", кој е во исто сопствеништво со „Лидл"). До март 2012 година била директор за набавка во австрискиот трговски синџир „Шпар" (преговарала и за „Метро", со оглед на тоа што „Шпар" и „Метро" – Хрватска соработуваат на полето на набавките). Самостојно водела повеќе од 10.000 преговори со домашни и интернационални партнери и била одговорна за набавна вредност на стока во висина од 200 милиони евра.

Клиенти: Heineken, Carlsberg, dm, Orbico, Coca-Cola, Belupo, Afrodita, Podravka, Ericsson, AWT, Atlantic trade, Bambi, British American Tobacco, Istragrafika, Polimark, Dukat, Franck, Kraš, Keune, BASF, Hartmann, Saponia, Klara, ACG Lukaps, Pisinium, Barilla, Clarum, Deltron, Dracomerx, Color trgovina, Filir, Megamix (Henkel).

Предавач е во Центарот за претприемништво на Загреб, како и на FMCG-конференциите на магазинот InStore во регионот.

Вештини: Тренер за преговарање, презентациски тренер, лидерство, управување со конфликт, мо- тивациски говорник, говорник на конференции.

Авторка на книгите: Како да се преговара успешно и 100 преговарачки тактики.

Добитничка е на наградата на Меѓународниот економски форум за придонес во претприемништвото во Средна и во Југоисточна Европа „Создавачи за векови" за 2015 година.

 

КОТИЗАЦИИ:

1 лице – 230 евра

2 лица од компанија – 220 евра по лице

3 лица од компанија – 210 евра по лице

4 и повеќе лица од компанија – 200 евра по лице

(Цените се без ДДВ)

Во котизацијата се вклучени:

  • 2 паузи за кафе;
  • Ручек;
  • Материјали за работилниците во печатена и во електронска форма;
  • Сертификат за успешно завршена работилница.

 

Локација: Јавна собa

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...