Денеска почна специјализираната работилница за продажба и преговарање во FMCG-секторот, во организација на InStore, која ја води Даворка Биондиќ Винце, тренер за деловно преговарање и редовен колумнист во магазинот.
На работилницата, која се одржува денес и утре во хотелот „Карпош" во Скопје, присутни се главните продавачи од страната на доставувачите во FMCG-секторот – комерцијални директори, директори за продажба и key account менаџери од повеќе компании за производство и за дистрибуција: „АВТ-интернатионал", „Алма М", „Атлантик трејд", „Вајомаг", „Даути комерц", „Империал тобако", „Јока", „Макпрогрес", „Нимекс", „Прилепска пиварница", „Рудине", „Тиквеш" и „Трејдек".
На преговарачките вештини ќе се работи по 6 часа дневно, според Харвард принципот на преговарање. Методите ќе бидат комбинација од теорија со различни вежби, видео-фидбек и игри.
Програма на работилницата за денес: |
Техники за ефикасно аргументирање во преговарањето и неутрализација на отпорот
Начин на реализација Учесниците се запознаваат со теоријата и практиката на преговарање преку комбинација на кратки теоретски делови и различни вежби, видео фидбек и игри. Методите што ги користиме и теоријата на преговарање се потпираат на Харвард принципот на преговарање и на системот на двојна победа (win-win). Три стратегии на преговарање
Како да се одблокира и да се одведе разговорот кон win-win исход? Попуштање, уметноста на отстапувањето, заклучување
Сигнали за купување/продажба 5 правила за успех во преговарањето 6 преговарачки грешки што можат скапо да ве чинат |
|
Даворка Биондиќ Винце, сопственик и директор на „Бионди", е дипломиран економист на факултетот во Загреб, која подоцна се усовршувала на неколку школи за бизнис во Германија за областите менаџмент и деловно преговарање. Таа има 25-годишно искуство на менаџерски позиции во хрватски и во странски компании, од кои 11 години била член на управата за набавка и прокурист во германската групација „Лидл & Шварц", а до март 2012 година, била директор за набавка во австрискиот трговски синџир „Шпар". Нејзиното професионално портфолио вклучува повеќе од 10.000 преговори. Даворка е тренер за преговарање, презентациски тренер, за лидерство, управување со конфликт, мотивациски говорник, предавач на бројни FMCG-конференции. Автор е на книгата „Како да се преговара успешно", а наскоро во печат ќе излезе и втората – „100 преговарачки техники". |
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.