Свет

„Фереро“ за 300 милиони евра го купува брендот Fox's?

08 окт 2020

Групацијата „Фереро“(во чиј состав се брендовите Nutella, Ferrero Rocher, Kinder, Ferrero Raffaelo, Pocket Coffee и други) е блиску до преземање на британскиот производител на кекси „Фокс бисквитс“, пренесоа странските медиуми. 

Вредноста на трансакцијата е 246 милиони британски фунти, односно, околу 300 милиони евра. Извори блиски до преговарачките страни тврдат дека италијанската групација треба да ги преземе само оние брендови кекси под трговската марка Fox's, кои пак, генерираат најголем промет. 

Ако зделката се реализира, оваа аквизиција за „Фереро“ ќе биде втора по големина на европскиот пазар, откако италијанскиот гигант минатата година ја презеде данската групација „Калсен“.

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Топ-10 најдобри работодавци во светот според „Форбс“

22 окт 2020

„Асда“ ја отвори првата одржлива продавница

22 окт 2020

„Унилевер“ со благ пад на приходите

22 окт 2020

„Ошан“ претстави нов бренд на вино

22 окт 2020

„Амазон“ плаќа за информации за конкуренцијата

22 окт 2020

„Алибаба“ излегува на берза со најголема иницијална понуда досега

22 окт 2020
Вчитува уште новости...