Свет

Barcaffe претстави еколошка амбалажа без алуминиум

20 авг 2020

Брендот Barcaffè ја претстави фолијата без алуминиум, под називот GENEPROTECT®.

Во новата фолија најпрво ќе се најде Barcaffè BIO од 200 грама, а потоа и другите производи на Barcaffè.

До сега, производителите на кафе обично ги пакуваа своите производи во фолија која содржи алуминиум, но со напредокот на технологијата одат на еколошки прифатливи материјали за амбалажа кои се погодни за рециклирање. Оваа фолија е направена од обновливи извори како шеќерна репка. Учеството на обновливи извори во производството на еколошки прифатливи фолии изнесува дуро 70 отсто. 

Со производството на овој вид амбалажа, Barcaffè ја намали емисијата на јаглероден диоксид за 63 отсто во споредба со стандардното производство на трослојни фолии. Предноста на еколошките фолии е во тоа што имаат голем потенцијал за рециклирање во иднина. 

Со овој чекор, Barcaffè е меѓу првите брендови кафе кои користат иновативни пакувања без алуминиум за своите производи.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...