Свет

Американската економија потона за рекордни 33 проценти

31 јул 2020

Американската економија во вториот квартал од оваа година се намали за неверојатни 33 проценти. 

Станува збор за најтешко тонење на американската економија во историјата на мерењето, за време на кое десетици милиони Американци останаа без своите работни места и стапката на невработеност се искачи на 14,7 проценти.

Американското министерство за трговија објави дека таков пад на БДП во еден квартал никогаш не е забележан во историјата на мерењето.Најлоша контракција на економијата до денес се случила пред 62 години за време на администрацијата на Двајт Ајзенхауер, кога американскиот БДП паднал за 10 проценти во еден квартал.

Во првиот квартал, од 1 јануари до 31 март, падот на американското БДП изнесувал пет проценти, со што е завршена рекордно долгата 11-годишна економска експанзија во Соединетите Држави.

Рекордниот пад е предизвикан од пандемијата на коронавирусот, што на почетокот на март доведе до големо затворање низ целиот свет, вклучително и во повеќето американски држави.

Овој пад дополнително ќе го наруши и рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој токму растот на економијата до крајот на 2019 година го истакна како главен успех на својот мандат.

Повеќето економски аналитичари предвидуваат брзо закрепнување, кое веќе е започнато во тековниот, трет квартал, кој според проценките треба да заврши со економски раст од 17 проценти. Но, сè потешката епидемиолошка слика во поголемите држави како Флорида, Тексас и економски најсилната Калифорнија би можела да предизвика нов бран на затворање и со тоа да се забави закрепнувањето.Повеќето економски аналитичари предвидуваат брзо закрепнување, кое веќе е започнато во тековниот, трет квартал, кој според проценките треба да заврши со економски раст од 17 проценти. Но, сè потешката епидемиолошка слика во поголемите држави како Флорида, Тексас и економски најсилната Калифорнија би можела да предизвика нов бран на затворање и со тоа да се забави закрепнувањето.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Континенте“ претстави онлајн-водич за сирење

22 сеп 2020

„Кауфланд“ скапо го чинеше откажувањето од австралискиот пазар

22 сеп 2020

„АБ Инбев“ ја купи „Крафт бру алијанс“

22 сеп 2020

„Лајтхаус“ ја презеде компанијата „Веџикрафт фармс“

22 сеп 2020

Кампања-манифест за чоколадната индустрија

22 сеп 2020

„Волмарт“ ќе ги зголеми платите на вработените

22 сеп 2020
Вчитува уште новости...