Свет

„Карфур“ заштеди 480 милиони евра во првата половина од 2020 година

30 јул 2020

„Карфур“ го подигна прагот за заштеда на трошоци во рамки на својот стратешки план, откако објави дека во првата половина од годинава оствари заштеда од 480 милиони евра и се обврза на дополнително намалување на цените на својот матичен пазар. 

Трговецот соопшти дека оперативниот профит порасна за 29,1 отсто во однос на истиот период минатата година, на 718 милиони евра. 

На вкупните остварувања на „Карфур“ се одрази и намалувањето на трошоците и силната продажба во вториот квартал од годинава во Бразил и во Шпанија, што ги надомести послабите перформанси во Франција, каде и покрај пандемијата и трупањето залихи храна, продажбата во хипермаркетите падна за 3,6 отсто. Причината е што купувачите преферираа да купуваат од маркети поблиски до своите домови, како и порастот на пнлајн нарачките. 

Сега, целта на компанијата е заштеда од трошоци во износ од 3 милијарди евра на годишно ниво до крајот на 2020 година, за разлика од претходната цел од 2,8 милијарди евра. 

„Карфур“ е на средина од петгодишниот план кој го објави во 2018 година, а чија цел е да ги намали трошоците и да ги зголеми инвестициите во -трговијата заради зголемување на профитот и продажбата, но и да се избори со интернет трговците каков што е „Амазон“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Континенте“ претстави онлајн-водич за сирење

22 сеп 2020

„Кауфланд“ скапо го чинеше откажувањето од австралискиот пазар

22 сеп 2020

„АБ Инбев“ ја купи „Крафт бру алијанс“

22 сеп 2020

„Лајтхаус“ ја презеде компанијата „Веџикрафт фармс“

22 сеп 2020

Кампања-манифест за чоколадната индустрија

22 сеп 2020

„Волмарт“ ќе ги зголеми платите на вработените

22 сеп 2020
Вчитува уште новости...