Свет

ИБеј ги надмина проценките за кварталниот приход

29 јул 2020

ИБеј денеска ги надмина проценките на „Вол Стрит“ за квартални деловни резултати, бидејќи трговската компанија која се занимава со онлајн продажба имаше корист од порастот на купувањето преку интернет.

Онлајн трговијата нагло „скокна“ поради нарачките од луѓето кои се во карантин, откако државите се затворија поради коронавирусот.

Во периодот на пандемијата, приходот на ИБеј се зголеми на 2,87 милијарди долари, од 2,42 милијарди американски долари во вториот квартал и ги надмина проценките на аналитичарите од околу 2,8 милијарди американски долари. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...