Свет

„Лидл“-Португалија претстави асортиман крафт пива

28 јул 2020

Компанијата „Прахсис“, семејна компанија и еден од најстарите производители на крафт пиво во Португалија, ексклузивно за „Лидл“ Португалија го разви брендот Tuga, кој се состои од три видови крафт пиво.

Во понудата се: Xico Esperto-пилснер пиво, направено од јачменов слад, со благо горчлив вкус и арома на хмељ; Gingão е исто така пилснер пиво, со исти карактеристики како и црно пиво, со поинтензивна арома; Loirinha е полесно и поосвежително пиво, бидејќи има помалку хмељ и е помалку газирано. 

За производство на трите пива компанијата користеше вода со неутрален pH, која е идеална за оваа намена. Брендот Tuga ќе му се придружи на пивскиот асортиман Steam Brew крафт, кој исто така се продава во „Лидл“-Португалија и се состои од три видови пива во лименки од по 0,5л: IPA, Red i Stout.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Континенте“ претстави онлајн-водич за сирење

22 сеп 2020

„Кауфланд“ скапо го чинеше откажувањето од австралискиот пазар

22 сеп 2020

„АБ Инбев“ ја купи „Крафт бру алијанс“

22 сеп 2020

„Лајтхаус“ ја презеде компанијата „Веџикрафт фармс“

22 сеп 2020

Кампања-манифест за чоколадната индустрија

22 сеп 2020

„Волмарт“ ќе ги зголеми платите на вработените

22 сеп 2020
Вчитува уште новости...