Свет

Трговска војна: САД би ја казниле Европа преку извозот на пивото

26 јун 2020

Извозот на пиво од Европа во САД би можело да биде во потполност прекинат доколку САД ги одобрат новите царини.

Ова го изјави генералниот секретар на Европското здружение на пивари, Оливие Бержерон. Управата на американските Трговски претставници соопшти дека има намера да воведе стопроцентна царина на увоз на производи од Франција, Германија, Шпанија и Велика Британија, како што се маслинки, џин и пиво.

Исто така планираат да ги зголемат постоечките такси на увоз на европско сирење, јогурт и авиони.

Претставникот на пиварите изјави дека испораката на пиво во САД сочинува 30 отсто од вкупниот извоз, надвор од границите на Европа.

Најавените американски соотстотни царини се изненадувачки. Претходно планираа да воведат царини на безалкохолното пиво. Царините во овој обем се без преседан, а тоа би можело да „пресуши“ голем дел од извозот, вели Бержерон.

Според неговото мислење, од ваквиот чекор најмногу ќе настрадаат малите и средни производители на пиво.

Големите компании имаат производствени капацитети во САД, и тие нема да претрпат штети. Но за голем број мали и средни производители ова ќе биде катастрофа, додава тој.

Минатата година Светската трговска организација одобри воведување на царина на артикли од Европа во вредност од 7,5 милијарди долари. Европската унија побара од СТО дозвола за воведување царини на американски производи во вредност од 11,2 милијарди долари. Организацијата би требало да донесе одлука во јули. Експертите сметаат дека зголемените несогласувања може да доведат до трговска војна меѓу САД и ЕУ.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Фич“ го намали кредитниот рејтинг за 33 земји

02 јул 2020

„Волмарт“ направи кина на отворено на своите паркиралишта

02 јул 2020

„Амазон“ руши рекорди, Безос се збогати во кризата

02 јул 2020

„Едека“ ги купува преостанатите 10% во „Нето“

02 јул 2020

Бугарите направија робот за дезинфекција

02 јул 2020

„Крогер“ произведе тестови за Ковид-19 за домашна употреба

02 јул 2020
Вчитува уште новости...