Свет

Германија подготвува пакет економски мерки вредни 80 милијарди евра

03 јун 2020

Претставниците на партиите во коалициската влада на канцеларката Ангела Меркел за денеска најавија состанок на кој би расправале за деталите за новиот финансиски пакет кој треба да биде поддршка за економскиот раст загрозен од пандемијата предизвикана од корона вирусот.

Централна тема на расправата, која е закажана за попладневните часови е финансиска поддршка на економијата, семејствата, градовите и општините, а во својот конечен облик би можело да изнесуваат и до 80 милијарди евра.

Иако членовите на партиите на владеачката коалиција се начелно согласни околу потребата од овој финансиски пакет, несогласувања има околу деталите, како и околу висината на расходите.

Баварскиот премиер Маркус Соедер истакна дека државата може да се задолжи и до 100 милијарди евра со оглед дека се уште не е утврдено колкава ќе биде помошта за семејствата.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...