Огромен број лица ги користат услугите на компанијата „Алфабет“ која со дронови испорачува производи во рурални делови на Вирџинија, додека трае пандемијата на коронавирусот, пишува Bloomberg.
Пробните летови на дроновите почнаа минатиот октомври. Сега веќе се зголемени и флотата и бројот на продукти што може да се нарачаат.
Најчесто овие дронови доставуваат продукти од пекари, кафулиња и слаткарници, но и производи што се меѓу најбараните во услови на криза: тоалетна хартија, лекови, средства за дезинфекција, храна за бебиња и слично.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.